Адвокатот на Вајнстин: Градењето кариера преку кревет не е силување - Канал 5

Адвокатот на Вајнстин: Градењето кариера преку кревет не е силување

Доколку жена одлучи да има сексуални односи за да напредува во кариерата, таквиот чин не претставува силување, изјави адвокатот на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин во интервју за лондонски „Тајмс“.

Адвокатот на Вајнстин: Градењето кариера преку кревет не е силување
„Ако жена одлучи дека и се потребни сексуално односи со некои холивудски продуцент за да напредува во кариерата, а тоа истовремено го смета за одвратно, тогаш тоа не може да претставува силување“ – изјави адвокатот Бенџамин Брафман.

„Ако доброволно сте донеле одлука дека сте подготвени за нешто што лично го сметата се одвратно, а се со цел за напредување во кариерата, тогаш тоа не е злосторство“ – додал Брафман наведувајќи дека “градењето кариера преку кревет не е нешто што го измислил Вајнстин и дека тоа е присутно во филмската индустрија уште пред неговото раѓање“.

Повеќе од 100 жени од октомври го обвинија Вајнстин за сексуално злоставување, вознемирување и силување, дела наводно направени пред неколку години и децении. Меѓу тие жени се и познати личности како Гвинет Палтроу и Селма Хајек.

Harvi Vajnstin / Foto: Gettyimages

Неколку жртви поднесоа и кривична пријава против холивудскиот продуцент, кој е мета на истрага во Њујорк, Лос Анѓелес и Лондон.

Против него се уште не е официјално подигнато обвинение, ниту се соопштени деталите од тие истраги.

Адвокатите на продуцентот кој има 65 години, од почетокот тврдат дека Вајнстин доколку имал сексуални односи со жените кои го обвинуваат, тоа не било без нивна согласност.

Брафман познатиот адвокат кој го бранеше поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан во случајот со силувањето на собарката во њујоршкиот хотел, изјави дека однесувањето на Вајнстин не е “беспрекорно, но не е криминално“.

„На крајот ќе се покаже дека Харви Вајнстин промовирал повеќе жени за клучни филмски улоги од кој било друг продуцент“ – додал адвокатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Испробал ново копче на екран на „Тесла“ и направил хаос- сега мора да плати 22.000 евра

Тесла воведе нова безбедносна функција за итно полнење што им овозможува на возачите веднаш да избегаат во случај на ситуација што го загрозува животот без претходно да го исклучат кабелот. 

Испробал ново копче на екран на „Тесла“ и направил хаос- сега мора да плати 22.000 евра

Иако оваа функција е дизајнирана исклучиво за екстремни ситуации и одбрана од напаѓачи, еден сопственик на Модел 3 во американскиот град Остин веќе направи огромна и скапа грешка.

Уморен возач неколку пати ги притиснал контролите на екранот на својот автомобил рано наутро на станица за брзо полнење на Тесла, по што возилото одеднаш се поместило напред додека дебелиот кабел сè уште бил вклучен во струја.

Следел силен тресок, инсталацијата била насилно искината од држачот, а возачот излегол во шок и се зграпчил за глава кога сфатил што направил.

Претходните безбедносни системи кај електричните автомобили строго го блокирале моторот да се вклучи сè додека конекторот бил вметнат во штекерот. Новото ажурирање овозможува намерно заобиколување на оваа заштита, но со строга постапка каде што возачот мора да ја држи сопирачката и да го потврди предупредувањето на екранот дека маневарот сериозно ќе ја оштети и станицата и самиот автомобил.

Saw someone accidentally use the new emergency drive away feature
by u/Joshalander in TeslaLounge

Последиците од невнимателното притискање на екранот без читање на текстот се исклучително скапи, бидејќи поправката на уништен брз полнач може да чини дури 25.000 долари, или околу 22.000 евра, без да се сметаат сериозните оштетувања на приклучокот и на каросеријата на самиот автомобил.

Иако на прв поглед изгледа ризично софтверот да дозволи толку насилно кинење на опремата, причината за воведување на ова решение е вооружен напад што претходно се случи во Америка, кога напаѓачите пукаа во луѓе додека седеа во паркирани возила на полнач.

Новата опција му дава шанса на возачот веднаш да си го спаси животот без ризик да ја напушти кабината за да го исчисти патот, но производителот јасно нагласи дека функцијата може да се користи само во состојба на непосредна опасност по животот, додека секоја злоупотреба или небрежност е строго казнета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Грција: На болни луѓе им плаќале да глумат директори на фирми- испумпале 203 милиони евра од буџетот

Грчките власти открија огромна мрежа на фиктивни компании кои, според истражителите, акумулирале повеќе од 203 милиони евра во неплатени даноци и придонеси во текот на три години. 

Скандал во Грција: На болни луѓе им плаќале да глумат директори на фирми- испумпале 203 милиони евра од буџетот

Сепак, најневеројатниот детал од истрагата не е само износот на долгот, туку и начинот на кој осомничените пронашле луѓе кои на хартија биле наведени како сопственици и директори на компаниите.

Според грчките даночни власти, членовите на мрежата им пристапувале на луѓе со сериозни здравствени проблеми пред болниците во Солун и Атина и им нуделе пари за формално да го преземат управувањето со компаниите.

Според истражителите, овие луѓе немале вистинска контрола врз бизнисот, туку служеле како параван зад кој се криеле вистинските организатори.

Според грчкиот весник „Катимерини“, 18 лица биле уапсени во големата операција, додека истрагата опфаќала повеќе од 2.000 компании, главно во секторите угостителство и ноќен живот.

Станале директори за неколку стотици евра

Истражителите откриле дека осомничените користеле дури 4.200 даночни идентификациски броеви и стотици фиктивни компании.

Бизнисот се вршел на повеќе од 700 локации во Солун, Халкидики и други делови од Грција.

Според наодите на даночните власти, идентификувани се околу 1.300 лица кои формално биле регистрирани како сопственици или директори, додека приближно 700 други лица наводно го управувале бизнисот од сенка.

Меѓу уапсените бил и добро познат грчки актер и модел, кој, според даночните власти, признал дека примал помеѓу 200 и 700 евра месечно за улогата на фиктивен директор.

Сепак, начинот на кој биле регрутирани некои лица е особено вознемирувачки.

Членовите на мрежата наводно им пристапувале на луѓе со сериозни здравствени проблеми пред болниците, нудејќи им скромна такса за нивните имиња да се појават во документацијата на компанијата.

Додека вистинските организатори продолжиле да го водат бизнисот, формалните сопственици останале поврзани со компаниите кои акумулирале долгови.

Дури и починати лица биле директори

Новите детали од истрагата, објавени на 10 ноември, покажаа дека меѓу луѓето наведени како директори или деловни партнери имало луѓе кои повеќе не се живи.

Даночните истражители открија случаи во кои компаниите продолжиле да ги евидентираат деловните активности дури и по смртта на луѓето наведени како нивни менаџери во документите.

Во еден особено впечатлив случај, човек кој починал во 2023 година бил наведен како директор на осум компании и партнер во уште 11.

19-те компании акумулирале долгови од дури 14,8 милиони евра.

Според податоците што ги пронашле истражителите, човекот претходно имал исклучително скромен приход. Во 2016 година, тој пријавил само 1.532 евра годишен приход, а во 2017 година само 895 евра.

Тој работел во индустријата за конзервирање овошје и зеленчук. И покрај ова, неговото име подоцна се појавило во евиденцијата на голем број компании со долгови во милиони.

Како настанал долгот од 203 милиони евра?

Според Грчката независна управа за јавни приходи (AADE), мрежата акумулирала повеќе од 203 милиони евра неплатени долгови во текот на изминатите три години.

Од оваа сума, приближно 68 милиони евра се однесуваат на неплатен ДДВ и данок на доход, додека околу 135 милиони евра се должат на фондот за социјално осигурување EFKA.

Истражителите се сомневаат дека системот бил организиран на таков начин што компаниите биле формално регистрирани кај луѓе кои немале вистинска контрола врз нив, додека вистинските организатори продолжиле да работат и да ја избегнуваат одговорноста за натрупаните долгови.

Според даночните власти, тројца сметководители и еден адвокат наводно играле значајна улога во поставувањето на таква мрежа.

Адвокатот е обвинет за користење фалсификувани овластувања за да им помогне на компаниите да добијат дозволи од локалните власти, противпожарните служби и здравствените власти.

Истрагата опфаќа илјадници компании и даночни броеви

Операцијата на грчките власти била наречена „Луѓе од слама“, термин за луѓе кои формално се појавуваат како сопственици или менаџери, додека други всушност ги контролираат.

Првичната операција резултирала со апсење на 18 лица, а осомничените биле обвинети за сериозни кривични дела, вклучувајќи организиран криминал, измама против државата, фалсификување и перење пари.

Од 18-те уапсени, 16 се задржани во притвор во исчекување на понатамошна постапка, додека две лица се ослободени поради посебни сомненија за кршење на прописите за оружје.

Истрагата покажа колку може да биде сложен системот каде што формалните сопственици на компаниите не се совпаѓаат со луѓето кои всушност управуваат со нив.

Грчките власти продолжуваат да ги испитуваат деловните документи и врските со компаниите, додека кривичната одговорност на осомничените сè уште се утврдува на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. 

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења.

„Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер