Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност
2Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност
Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
1Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
Шоу бизАдвокатите на Балдони го отфрлија обвинувањето на Лајвли за недозволено пренесување информацииАдвокатскиот тим на Џастин Балдони го отфрли тврдењето на Блејк Лајвли дека детали од нејзиното сведочење им биле недозволено пренесени на новинарите и на јавноста. Имено, како одговор на претходното барање на глумицата, адвокатите на Балдони се осврнаа на обвинението, наведувајќи го нејзиното тврдење како неточно. Правниот тим укажува, според „Пипл“ (People) - дека потенцијалните спорни информации можеле да дојдат од Лајвли, а не од нив. „Таа не нуди никакви докази - бидејќи нема такви. Лајвли не објаснува зошто таквите протекувања на информации не би можеле да дојдат од неа, нејзиниот сопруг, адвокатите кои ја застапуваат“, тврдат адвокатите на Балдони. Гласноговорникот на Лајвли, инаку, нагласи дека се задоволни од исходот од нејзиното сведочење и дека со нетрпение очекуваат „наскоро да сведочат против Џастин Балдони и другите обвинети“. - Сведоштвото е доверливо со добра причина. На поротниците не им се даваат само транскрипти од сведочењето за да го читаат дома, туку тие го слушаат сведочењето презентирано на судењето под надзор на судијата, изјави нејзиниот претставник. Покрај тврдењето за протекување информации, адвокатите на Лајвли побараа Судот да го избрше непрочистениот транскрипт од 292 страници од нејзиното сведочење, од запечатените документи. Правниот тим на Балдони, пак, ја доведоа во прашање потребата таа да го крие своето сведочење во тужба во којашто таа е тужител. Судењето е закажано за март 2026 година. Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕскалира конфликтот меѓу Иран и САД – убиени двајца американски војнициДвајца американски војници загинаа, еден се води како исчезнат, а повеќемина беа повредени во ирански напад врз воена база во Јордан...Како резултат на нападот, американската војска соопшти дека веднаш возвратила со нов бран воздушни напади врз ирански позиции, при што биле погодени крајбрежни системи за набљудување, противвоздушна одбрана, складишта за ракети и дронови и капацитети на иранската револуционерна гарда. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на војниците во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Со последните жртви, бројот на загинати американски војници од почетокот на војната се зголеми на 16, додека повеќе од 420 се повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39УХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаДимитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. „ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, која се одржа во Тетово. Во своето обраќање Димитриевски нагласи дека ЗНАМ на политичката сцена влезе со јасна определба да биде носител на промени и да придонесе кон создавање држава со ред, систем и еднакви можности за сите граѓани. „Не влеговме во политиката за да бидеме продолжена рака на некого, туку за да изградиме политички субјект кој ќе се бори за држава со ред, систем и одговорност. Европска Македонија е Македонија во која граѓаните имаат доверба во институциите, младите гледаат иднина дома, а одлуките се носат според принципи, а не според интереси. ЗНАМ не е проект на еден човек, туку движење на луѓе кои веруваат дека Македонија може и мора да биде подобра држава“ истакна Димитриевски. Тој порача дека учеството на ЗНАМ во власта е водено од одговорноста да се спроведуваат реформи, но и да се укажува секогаш кога е потребно, со цел заштита на државните интереси и принципите на кои почива движењето. Во рамките на панел-дискусијата, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, ги претстави реформските процеси во јавната администрација и досегашните активности за изградба на професионални и функционални институции, додека потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, се осврна на мерките за поддршка на земјоделците, развојот на домашното производство и рамномерниот регионален развој како основа за посилна и поконкурентна македонска економија. Димитриевски нагласи дека иднината на Македонија зависи од создавање систем во кој квалитетот, интегритетот и посветеноста ќе бидат поважни од партиската припадност. „На големите не им одговара еден ден да видат голем ЗНАМ, но јас сум убеден дека тој процес ќе се случи. Нашата сила е во луѓето кои веруваат во идејата, во луѓето со интегритет и карактер и во политиката која дава еднаква можност за секој човек. Македонија може да оди напред само ако создадеме систем во кој знаењето, трудот и чесноста ќе бидат поважни од партиската припадност“ порача Димитриевски. Од Тетово беше испратена порака дека Движењето ЗНАМ останува посветено на својата визија, европска Македонија со силни институции, развиена економија и достоинствени граѓани, држава која напредува преку работа, одговорност и резултати, без откажување од националните интереси и достоинството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВолшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медалАнгличаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал за да му го дадат нему.Голманот Џејсон Стил го заврши Светското првенство со бронзен медал околу вратот, иако не беше дел од составот на Англија за турнирот. Неверојатна сцена по натпреварот за третото место на Светското првенство меѓу Англија и Франција. Англија победи со 6:4 (4:0) по еден многу хаотичен натпревар, по што започна доделувањето на бронзените медали. Еден од нив му припадна на фудбалер кој не беше на списокот на селекторот Томас Тухел и кој никогаш претходно не го носел дресот на сениорската репрезентација на Англија. Станува збор за голманот Џејсон Стил, кој иако не беше дел од официјалниот состав од 26 играчи, го помина целиот турнир со тимот; неговите соиграчи ја прекинаа церемонијата за доделување медали за тој да може да се качи на подиумот, а потоа Џордан Хендерсон му го стави медалот околу вратот. Џејсон Стил има 35 години и е најпознат како долгогодишен голман на Мидлсбро, за кој бранел во периодот од 2007 до 2015 година. Во тоа време, тој бил член на сите младински репрезентации на Англија и настапил на Олимписките игри во 2012 година, а бил испраќан и на позајмици во Нортхемптон и Блекбурн. Бил откупен од Блекбурн, а потоа и од Сандерленд, додека од 2018 година е резервен голман на Брајтон. Селекторот Томас Тухел го повикал во март 2026 година за пријателските натпревари против Уругвај и Јапонија, а тој на крајот се приклучил како голман за тренинзи за време на турнирот. Постоела и идеја тој да биде дел од составот од 26 играчи како специјалист за пенали, но од таа замисла на крајот се сепак се откажале. Сепак, неговите соиграчи се погрижиле тој – кој бил со тимот во текот на подготовките и на самиот турнир – сепак да го добие својот медал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter