Адријано се расплака кога дозна дека му се остварил сонот

Адријано, легендарниот бразилски фудбалер, емотивно ја прими веста дека неговото име ќе се најде на славната патека на познатата Маракана.

Адријано ќе биде 123. спортист и вкупно 104-ти фудбалер чие име ќе биде испишано на патеката на најпознатиот бразилски стадион. Неговото име ќе биде веднаш до тоа на Пеле, Гарињо, Ромарио, Зико, Роналдињо, Роналдо, Еузебиус, Бекенбауер, Меси ...

"Јас сум толку возбуден ... Од кога знам за себе, тоа беше мој сон. Би сакал татко ми да беше жив за да го види ова", рече 39-годишниот Адријано. Тој објави фотографии на Инстаграм од моментот кога дозна дека ќе биде дел од избраниците на Маракана.

Церемонијата ќе биде закажана кога ќе се одобри враќањето на гледачите на стадионите. Адријано постигнал 46 погодоци за Фламенго, од кои 27 на Маракана. Со Фламенго освоил три шампионски титули и ја заврши кариерата пред пет години. Поранешниот играч на Интер, можеше да направи поголема кариера, но имал големи проблеми со алкохолот и депресијата додека играл во Европа.

Ин Мемориам: Почина македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски

Oд компликации предизвикани од Ковид–19 почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски.

Трајчевски е роден 1954. година во Штип. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител во 1988 година.

Автор е на повеќе од 200 песни од различни жанрови, има над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија.

Во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови денеска времето во северните и северноисточните делови на земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира Управата за Хидрометеоролошки работи.

На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер и појава на град.

Влажен бран со зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата се очекува и в сабота, но и намалување на дневните температури.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 649 пациенти, слободни кревети има

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 392 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 9 пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 62 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 18, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

притисни ентер