СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влез на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?
2СДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влез на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?
3ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
2Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
Шоу бизАдријана Лима повторно ќе стане мајкаЕдна од најубавите жени на светот во последните две децении, екс топ моделот Адријана Лима неодамна ѝ откри на јавноста дека е бремена.„Жешката“ Бразилка и нејзиното момче Андре Лемерс наскоро ќе станат родители. Видно здебелената Лима со својот изглед ја изненади јавноста на Неделата на модата во Париз. Бремената Лима среќна покрај Лемерс, зрачи со својата убавина иако има десетина килограми повеќе од вообичаеното. Адријана инаку од бракот со кошаркарот Марко Јариќ има две ќерки 12годишната Валентина и три години помладата Сиена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м МариноОпштина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор. Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 м2, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности. Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 м2, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи. Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 м2. Со реализацијата на овој проект, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Има ли директорот на АВМУ улога во влез на српски капитал во медиумите и дали има српско и бугарско државјанство?СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата. Каква е неговата улога? Дали е известен за промената на сопственичката структура? Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија? Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание? Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори. Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава? Дали има бугарски пасош? Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките. Јавноста има право да ги знае одговорите. Скопје, 19.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од живототПознатата актерка, русокосата убавица Хедер Греам (56) на Инстаграм сподели фотографии од својот одмор во Италија, на кои покажа дека се уште има тело на кое може да и позавидат и двојно помлади девојки.Хедер прво покажа како изгледа фантастично во провокативно сино, а потоа и во бордо бикини. Актерката беше одлично расположена додека уживаше во летниот одмор. Таа повторно ги воодушеви сите со својот изглед и докажа дека воопшто не остарела од периодот на деведесеттите години, кога беше на врвот на својата слава. Хедер зрачи со самодоверба на секоја објава додека позираше и ја покажуваше својата фигура во бикини, кои ги надополни со темни очила за сонце. Фотографиите наводно ги направил нејзиниот партнер Микеле Чивета (50), италијански режисер и продуцент, кој ѝ се придружил на патувањето. Не застана тука – неповторливата Хедер повторно блесна на плажата, но ја смени бојата на костимот за капење. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter