Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци - Канал 5

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита.

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид.

Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од фондовите за странска помош за репатријација на луѓе од активни конфликтни зони, вклучувајќи околу 500.000 Хаиќани.

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита што им овозможи легално да останат во САД, бидејќи не можеа безбедно да се вратат во своите татковини.

Но, со враќањето на администрацијата на Трамп и заострувањето на имиграциската политика, ситуацијата се менува.

Трамп претходно најави започнување на „најголемата програма за депортација во американската историја“, со цел отстранување меѓу 15 и 20 милиони мигранти од земјата. Според нацрт-документите, планот е развиен откако Министерството за внатрешна безбедност на 5 мај објави дека мигрантите кои доброволно ќе се вратат во своите земји ќе можат да добијат финансиска помош во износ од 1.000 долари.

Освен Украинци и Хаиќани, во документите се споменуваат и Авганистанци, Палестинци, Либијци, Суданци, Сиријци и Јеменци како потенцијални цели на идните депортации. /МИА

МВР: Лишен од слобода тетовец, управувал возило со брзина од 156 км на час

Лишен од слобода тетовец, управувал возило со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час, информираат од МВР:

МВР: Лишен од слобода тетовец, управувал возило со брзина од 156 км на час

На 17.06.2025 во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(56) од Тетово. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”.

Скопјанец сакал да ја прегази сопругата со автомобил

Сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил. Тој прво се обидел да ја истепа, а потоа се обидел да ја прегази со автомобилот. 

Скопјанец сакал да ја прегази сопругата со автомобил

Обвинител од Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело - телесна повреда.

„При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да извадат пари од нејзината плата за да купи дрога. Оштетената го послушала, но враќајќи се назад кон нивниот дом, тој започнал вербална расправија, го запрел возилото и и кажал да излезе. Откако излегла, започнал да го врти возилото со намера да ја удри.

Бидејќи не успеал, го запрел возилото, тргнал кон оштетената по што и го одзел мобилниот телефон за да провери со кого разговарала. Во еден момент и физички ја нападнал, удирајќи и шлаканица и нанесувајќи и удари во пределот на лицето и вратот, од кои удари оштетената се здобила со телесни повреди изразени во вид на нагмечувања на лицето, на вратот и на раката“, соопшти обвинителството.

Демначот на Радукану се обидел да купи билети за Вимблдон 2025 година

Човекот кој ја демнеше светската тенисерка број 36, Ема Радукану, се обиде да купи билети за Вимблдон 2025, пренесува „Sky Sports“. Неговиот обид беше блокиран.

Демначот на Радукану се обидел да купи билети за Вимблдон 2025 година

22 годишната Ема прв пат била прогонуван од овој човек на ВТА 1000 турнир во Дубаи.

Тој седел во првиот ред на трибините на мечот со Каролина Мухова (6:7 (6:8), 4:6).

Поради ова Радукану се расплакала за време на мечот. Таа се приближила до судијата и се сокрила зад кулата.

Ден пред мечот, тенисерката го сретнала овој човек на јавно место. Тој демонстрирал „несакано наметливо однесување“ кон неа.

Потоа властите во Дубаи го откриле идентитетот на мажот и преку суд му забраниле да и се приближува на Радукану. Неговите податоци ги пренеле и на другите тениските федерации.

Главниот турнир на Вимблдон 2025 година ќе се одржи од 30 јуни до 13 јули.

притисни ентер