Адидас ќе биде во милионска загуба по раскинувањето на договорот со Канје Вест - Канал 5

Адидас ќе биде во милионска загуба по раскинувањето на договорот со Канје Вест

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ денеска предупреди дека може да имаат загуба оваа година по одлуката да ја прекинат соработката со контроверзниот рапер Канје Вест.

Адидас ќе биде во милионска загуба по раскинувањето на договорот со Канје Вест

Ако Адидас ги отпише производите создадени во соработка со Вест, кој го промени името во Ye во 2021 година, и ако престане да го продава брендот Yeezy, оваа година би можеле да ја затворат со загуба од 700 милиони евра, предупредија тие.

Адидас ја прекина соработката со Вест поради неговите повторени антисемитски изјави. Линијата Yeezy минатата година на Adidas му донесе 1,2 милијарди евра приход и 500 милиони евра оперативен профит. Без тој дел од бизнисот, оперативниот профит на Адидас оваа година ќе се спушти на нула.

Суспендирањето на продажбата на производите на Yeezy би значело загуба за Адидас, со отпис од 500 милиони евра и еднократен трошок од максимум 200 милиони евра, пресметале тие. „Бројките зборуваат сами за себе. Во моментов не функционираме како што треба“, изјавил извршниот директор на „Адидас“, Бјорн Гулден, истакнувајќи дека 2023 година ќе биде година на транзиција кон раст и профитабилност.

„Адидас сака да се фокусира на потрошувачите, спортистите, малопродажните партнери и вработените, рече Гулден, додавајќи дека тие треба да го зајакнат брендот и да го подобрат развојот и дистрибуцијата на производите.

„Мораме да застанеме на нозе, но убеден сум дека ќе направиме Адидас повторно да блесне. Но, за тоа ќе ни треба време“, нагласи Гулден, која го презеде кормилото на Адидас од Данецот Каспер Рорстед на почетокот на годинава.

Критичарите го обвинија Рорстед за претерано фокусирање на некогаш профитабилниот кинески пазар и за преземање низа погрешни стратешки потези, па минатата година тој беше принуден неколку пати да ги намали проценките за годишните резултати. Според прелиминарните податоци, приходите на Адидас пораснале за шест отсто минатата година, на 22,5 милијарди евра.

Кога ќе се исклучат менувачките промени, тој се зголемиЛ за еден процент. Оперативната добивка е повеќе од преполовена, на 669 милиони евра. Во 2021 година таа изнесува речиси две милијарди евра. Нето добивката од континуираните операции потонала на 254 милиони евра, со нешто помалку од 1,5 милијарди евра во 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер