Наставниците од средните училишта преку својата волонтерска работа, минатата година беа директно вклучени во проектот за реализација на заеднички часови меѓу учениците кои учаат на албански и македонски јазик.
Оценувајќи ја интеграцијата во образованието како многу важен фактор во напорите за градење мултиетничко општество и мулчтиетничка држава, министерот Адеми рече дека за неколку години, МОН ги поддржува училиштата и логистички и финансиски да организираат активности што промовираат соработка меѓу младите луѓе од различни етнички заедници. „Преку ваквите активности, а особено заедничките часови во редовната настава, кај учениците се губи стравот од непознатото и се намалуваат предрасудите. Тоа е основен предуслов за младите да се среќаваат почесто, да учат, да работат заедно и да креираат пријателства„ рече министерот Адеми.
При креирањето на образовните политики и практики, додаде министерот, неретко институциите се соочуваат со ситуации во коишто треба да се донесат храбри, но вистински одлуки. Токму таква, според Адеми, беше и оваа одлука, односно активност за одржување на заеднички часови во редовната настава со ученици кои учат на различни наставни јазици, којашто се направи внимателно и заедно со сите чинители, за ефектот да биде најдобар.
„Знаеме дека промените не се случуваат лесно и дека за успех потребни се мотивација, упорност и истрајност. Но, нашата иднина зависи од заложбата за позитивни промени кај сегашните и идните генерации„. Токму затоа, како што изјави министеот МОН со сите свои капачитети е фокусирана кон инвестирањето во квалитетно образование и кон негување на хармонични односи кои се темелат на почитување на сите различностите,се наведува во соопштението на Министерствтото за образование.