Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат со 96,50 бодови за раководење со ДКСК - Канал 5

Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат со 96,50 бодови за раководење со ДКСК

Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат со 96,50 бодови за раководење со ДКСК

- Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата го оцени кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, како најуспешен во постапката за избор.

Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Тој дал одлични одговори на сите поставени општи и посебни прашања, по што освоил вкупно 96,50 бодови, што го рангира највисоко меѓу кандидатите.

Второрангиран е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, кој е актуелен помошник на Главниот ревизор, со освоени 86,33 бодови, а треторангиран е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, кој освоил 81,83 бодови.

Комисијата за селекција посочува дека и Смилевски и Чавдар дале одлични одговори на поставените општи и посебни прашања.

Огласот за пријавување кандидати за претседател на Антикорупциската комисија беше објавен уште летово, но постапката беше времено прекината поради локалните избори.

Од 13 кандидати, колку што се пријавија на огласот на Собранието на избор за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), селектирани беа 10, а интервјуата со нив почнаа во вторникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

 Генерал-мајорот Михајло Драпатиј го потврди своето назначување за врховен командант на Вооружените сили на Украина, што вчера го објави претседателот Володимир Зеленски.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

„Му благодарам на претседателот на Украина за укажаната доверба, на министерот за одбрана за поддршката и на Одбранбените сили за новата фаза од службата“, напиша Драпатиј.

Тој истакна дека служењето на Украина за него отсекогаш претставувало чест и дека за време на војната за независност тоа значело „апсолутна одговорност“.

„Му благодарам на врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, за неговата доследна работа на зајакнувањето на украинската војска. Јас израснав во неа“, напиша Драпати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Младите масовно ја напуштаат Македонија. 

СДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив.

Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата.

Неговото семејство е со обезбедена европска иднина, бугарски пасоши, додека на младите им продава дека Македонија треба да биде слепо црево на Балканот и Европа.

Со парите на граѓаните, прво преку Груевски и Мијалков, а сега директно преку Мицкоски, Латас се богати. Имот, пари.

Во исто време, Мицкоски на суд ги ослободува Латас и Груевски, им враќа имот стекнат со криминал и ја штити целата својата криминална организација ВМРО-ОКГ.

Ова е Македонија што ја нудат Мицкоски и Латас.

Додека Латас се капе во парите на граѓаните, а Мицкоски носи часовници од по 65.000 евра, обичните граѓани крпат крај со крај.

Работниците не добиваат зголемување на минималната плата, земјоделците тонат во проблеми, а граѓаните се трујат со вода затоа што институциите не ја вршат својата работа.

Сè е сведено на тендери. Деновите поминуваат од тендер до тендер, а задолжувањата паѓаат на грбот на идните генерации.

Во Македонија на Мицкоски и Латас, само тесниот круг на „елита“ - дел од ВМРО, некои „независни“ новинари и по некоја Ивона, живеат како холивудски ѕвезди.

Сите останати или сонуваат за подобар живот, или го бараат во странство.

Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија.

Не сакаат да живеат во земја каде криминалците и медиумските манипулатори се заштитени, а обичниот граѓанин е оставен на себе.

Но, оваа Македонија не е нивна.

Народот ќе победи. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните.

Ќе победи вистината и правдата.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 22.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница

-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат.

Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница

-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците на услуги од оваа здравствена установа добијат достоинствени услуги, достоинствен третман.

Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме.

Така што, и во периодот којшто следи здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе Буџетот надминува една милијарда евра годишно, кој што се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти, кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што, ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години. Во периодот којшто следи ќе имаме уште неколку вакви проекти.

Генерално би сакал да им честитам на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, на министерот, порано како директор во Фондот за здравство, на здравствените работници, затоа што нас ни се овие проекти приоритетни и во таа насока ќе продолжиме да се движиме, изјави во своето обраќање премиерот Мицкоски.

Мицкоски по вчерашното невреме во Скопје: Штетите се санираат и согласно законот истите ќе се рефундираат

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна:

„Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано.

На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече:

„Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер