Адам Загајевски од Полска добитник на „Златниот венец“ на СВП 2018 - Канал 5

Адам Загајевски од Полска добитник на „Златниот венец“ на СВП 2018

Адам Загајевски од Полска е годинашен добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, соопшти Дирекцијата на СВП денеска на прес-конфренција. Високото признание на 73-годишниот поет ќе му биде врачено на 57-то издание на поетскиот фестивал кој се одржува во август.

Адам Загајевски од Полска добитник на „Златниот венец“ на СВП 2018

Роден е во 1945 во Лавов (тогаш во Полска, денес во Украина). Автор е на 13 поетски книги, но е и есеист, прозен писател и професор по филозофија. Во 1970-тите бил поврзан со независното книжевно движење, а во 1982 се преселил во Париз. Во 2002 Загајевски се вратил во Полска и сега живее во Краков.

Претседателката на Управниот одбор на СВП Елизабета Шелева рече дека Загајевски е едногласно избран за годинашен лауреат, дека е еден од водечките гласови во современата светска литература и автор кој ужива неподелен углед меѓу најрелевантните имиња во современата поезија и критика, поттикнувач, како што рече, на зголемен интерес кон творештвото на источноевропските и словенски писатели.
- Тој се смета за дел од полската генерација ’68 или полскиот „Нов бран“ во литеаратурата, но неговото авторско писмо искажува една самосвојна позиционираност и автентична црта... Суптилно проткаена, со присуството на длабока медитативност, себезапрашаност, склоност кон филозофска контемплација, притоа постојано отворена за новите потраги, себепреиспитувања..., рече Шелева соопштувајќи ја одлуката на Упправниот одбор и Уметничкиот совет на СВП.

Осврнувајќи се на биографијата на полскиот поет, директорот на СВП Мите Стефоски рече дека Загајевски првпат стекнал слава во источноевропските книжевни кругови со неговите критики кон полските поети од претходната генерација.
- Како член на книжевното движење наречено „Нов бран“, тој тврди дека поезијата треба да ги опфаќа социјалните и политичките потреби на денешниот ден....Со почетокот на неговиот егзил во Париз од 1982 до 2002, Загајевски го започнува она што Адам Кирш го нарекува неговиот „лет од историјата“. Тој станува сè позагрижен за одредување на мисија за поезијата, која ќе ја опфаќа политиката, но нема да ѝ служи, рече Стефоски.
Во писмото по повод неговиот избор за лауреат на СВП, Загајевски вели дека никогаш не бил на струшкиот фестивал но дека не треба да се биде физички присутен таму за да се знае, како што вели, легендата за тој фестивал и за таа награда.

- Поетите се комплицирани луѓе, но не е точно дека исто така немаат сосема обични, човечки емоции. Затоа нема да кријам: оваа награда претставува огромна чест за мене, ми носи радост, се радувам дека ете и јас од овој миг ќе фигурирам помеѓу поетите – многумина веќе преминале на оној свет – на кои им се воодушевувам, на кои не им сум достоен. За среќа, никој сам не си доделува награди и мораме да им веруваме на тие кои пишуваат до нас добри зборови. Му благодарам на жирито, им благодарам на поетите на Македонија, пишува Загајевски.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на соопштувањето на одлуката рече дека му е особено драго што годинава лауреатот доаѓа од, како што рече, „нашата пријателска Полска, со која имаме долга и одлична традиција во културната соработка која постојано се надградува“.

- Во тој контекст, сметам дека изборот на одборот за доделување на „Златниот венец“ ќе им даде уште еден, дополнителен импулс на нашите културни врски. Адам Загајевски е веројатно најпознатото име во светот на поезијата од Полска заедно со она на Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија. Светот на неговата поезија неизбежно се врзува и со некои наши општествени дилеми, особено со присутноста на минатото во сегашноста и емотивните состојби на личноста во свет кој е меѓу реалноста и сонот, рече Алаѓозовски, нагласувајќи дека Загајевски заслужено влегува во плејадата великани - носители на оваа награда.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер