АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти - Канал 5

АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти

Стојаноски напоменува дека 27 кандидати за воздухопловен персонал во исто време на обука во Република Македонија немало во последниве 25 до 30 години. 

АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи од областа на летачките операции за 2025-та. Ќе финансира до 50 проценти од цената на чинење за обуките на 27 кандидати.

Директорот на АЦВ Драги Стојаноски вели дека Агенцијата презема мерки за надминување на состојбата со сериозен недостаток на воздухопловен персонал. Одлучиле дел од средствата од кои се финансира АЦВ да ги наменат за унапредување на цивилното воздухопловството.

- Во повеќе наврати на средбите со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сме ја констатирале како критична состојбата која укажува на сериозен недостаток на воздухопловен персонал во Република Македонија. Разбирајќи ја како наша „обврска” потребата за преземање на конкретни активности за надминување на оваа состојба одлучивме да го искористиме правниот основ кој ни го дава Законот за воздухопловство и дел од средствата од кои се финансира Агенцијата, да ги намениме за „унапредување на цивилното воздухопловството”. Во таа насока предвидените средства за таа намена во буџетот на АЦВ за 2025-та ќе се користат за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување на дозволи од областа на летечки операции, вели Стојаноски во пишана изјава.

Тој појаснува дека Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува со финансиски средства во висина до 50 проценти од цената на чинење за обуки на седум кандидати за стекнување на дозвола за пилот на авион PPL(A), на тројца кандидати за стекнување дозвола за пилот на едрилица, на пет кандидати за стекнување дозвола за пилот на ултра лесни авиони, на 10 кандидати за стекнување на дозвола за пилот на параглајдер и на кандидати за стекнување на дозвола за падобранец.

- Со ова се потрудивме да опфатиме поширок спектар на воздухопловен персонал, дел – обуки кои се основа за понатамошен професионален развој и градење на професионална пилотска кариера и дел на обуки од областа на воздухопловно спортски активности како стимул за досегашните високи резултати постигнати од поединци, тимови и репрезентацијата на европски и светски натпревари, изјави Стојаноски.

Покрај тоа што ќе создадеме минимум 27 нови воздухопловци, дополнува Стојаноски, целта на овој проект е да ги раздвижи и обнови активностите во аеро клубовите и спортските аеродроми кои соочувајќи се со финансиски проблеми, нерешени имотно-правни односи, без помош од државата - полека замираат, а кои во минатото беа основата за создавање на персонал кој подоцна го користеле и МО, воздухопловните единици на МВР, СОЗР, ДЗС – пилоти на АТ 802А Fire Boss, како и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Стојаноски напоменува дека 27 кандидати за воздухопловен персонал во исто време на обука во Република Македонија немало во последниве 25 до 30 години.

На Јавниот повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи за приватни пилоти, може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат услови:те Да се државјани на Република Северна Македонија; Да имаат завршено 4 годишно средно образование; Да се на возраст од 18 до 30 години; Познавање на англиски јазик минимум ниво Б2; Да се психофизички способни (лекарското уверение ќе се достави само од избраните кандидати пред склучување на Договорот).

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето со можност да се повтори доколку нема доволен број на пријавени кандидати.

Критериум за избор на кандидатите кои ги исполнуваат условите се резултатите од тестот што ќе го спроведе Агенцијата (математика и физика). За секој вид на дозвола ќе бидат избрани највисоко рангираните кандидати според бројот на бодови од тестот, се наведува во повикот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер