Ацевски: Не сум ја тепал сопругата, не сум насилник

Сопругата на пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Ацевски, Марија Ацевска, повикала полиција по расправија со него во домот во скопско Ѓорче. 

До расправијата, како што стои во официјалната информација од МВР, дошло бидејќи сакал да ги земе нивните две малолетни деца.

-На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот.

За информациите во дел од медиумите дека ја претепал сопругата, Ацевски вели дека се политичка хајка против него. Вели дека подолго време не живееле заедно со неа. Кога дошла во неговиот дом тој сакал со децата да замине во другото живеалиште по што како што вели дошло до недоразбирањето.

На својот фејсбук профил сопругата на Ацевски напиша дека нејзиниот сопруг никогаш не бил насилен и дека секој проблем во нивниот брак успевале да го решат на најдобар можен начин.

Околу случајот реагираа и од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Семејната драма кај пратеникот Ацевски доаѓа во период кога власта заедно со Обединетите Нации спроведува кампања против насилство откако на 25ти беше одбележан Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и се уште актуелен министер за надворешни работи... 

Ќе биде ли пирова победата на Европскиот фронт, кој освои 30.000 гласа повеќе од Вреди?

Кој ќе ја бара Мала Речица на гугл мапс, а кој Идризово? Дали кексите и млекото ќе му преседнат на Али Ахмети?

Ќе се помири ли ДУИ со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прави коалиција со албанската опозиција, или ќе се бараат „чизмите по таваните“?

Има ли или нема потпишан договор помеѓу Вреди и ДУИ за уставните измени? Кои се алтернативите за францускиот предлог, и што доколку и новата влада како и Сиљановска не користи „Северна“...

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Бујар Османи, по вестите во 18 часот.

Драма во САД: Уште еден брод се заби во мост, блокиран е сообраќајот (ВИДЕО)

Во Галвстон, Тексас, речен брод удри во мост.

Според извештаите, бродот удрил во мостот на островот Пеликан, предизвикувајќи полицијата и другите служби за итни случаи веднаш да го блокираат целиот сообраќај, јавува Click2Houston.

Засега не се познати деталите за инцидентот, па не е јасно како дошло до судирот, ниту што му претходело. Не се знае дали има повредени или во каква состојба е мостот.

Претставниците на Галвстон рекоа само дека шлеп удрил во мостот, што предизвикало истекување на нафта.

Крајбрежната стража е повикана да помогне во спречувањето на излевањето на нафтата, а инженерите на TxDot се на терен за да помогнат.

Да потсетиме, на крајот на март во Балтимор, брод удри во мостот и го урна, а во таа прилика загинаа шест работници кои работеа на одржување на мостот.

Камионите се пренасочуваат од Блаце- има проблем со терминалот

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце .

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце заради проблем со терминалот на Македонска царина на ГП Блаце.

Товарниот сообраќај ќе биде пренасочен се додекa не се надминe проблемот, соопшти АМСМ.

притисни ентер