Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
1Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
Шоу бизАца Лукас сними дует со Северина: Песната е одличнаАца Лукас гостува на Екстра ФМ радио и го најави својот концерт во Загребската Арена кој ќе се одржи на 13 мај, а откри и дека снимил дует со Северин.Се уште не се знае кога песната ќе биде објавена, но српскиот пејач изјавил дека е одлична. „Снимивме навистина убава песна, не знам кога ќе излезе, но супер е, снимена е иако сеуште нема име, би бил глуп да ви кажам како се вика сега ... Тоа е одлична песна, навистина е хит, навистина е добра“, опишал Лукас. Тој изјавил и дека неговиот концерт во Арената во Загреб е првиот вистински организациски концерт и дека за прв пат ја чувствува еуфоријата на концерт. „Сите што ќе дојдат нема да зажалат што дошле ни малку, а сите што нема да дојдат на концертот, а имаат некој што бил, кога ќе им каже како било - ќе зажалат“, рече тој. Аца Лукас открил и дека има една неостварена желба која до сега никому не ја кажал, а тоа е да настапи во Пула, местото каде градоначалникот Филип Зоричиќ ги забрани турбо фолк концертите на Душко Кулиш, Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба. „Таму би можел да настапам, но навистина треба да биде настап достоен за такво место. Не со ова лудило што го создаваме, туку музиката ја толкувам на многу начини и можам многу работи да донесам на такво место, за да не бидам препотентен“, рече тој. „Знам дека можам да го направам за никој да не се срами што сум таму, дури ни јас, се разбира, јас би бил првиот што ќе се срами, иако тука има пејачи кои не се срамат од ништо, па дури и одат каде што не треба ни да размислуваат, но ајде...Многу е важно да знаеш дека си достоен за нешто што го правиш.Ако го направи тоа,сигурно никој не би можел да каже ниту еден лош збор.Мислам дека е култно место за врвни музичари и врвни изведувачи“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, АлбанијаСпоред статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто.Мерено според куповната моќ вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули годинава била повисока споредбено со седум земји членки на ЕУ, како и повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција – покажуваат податоците на Евростат за минималните бруто заработки на земјите членки и кандидатки. Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто, додека истиот месец во 2016 таа била 236 евра, што претставува зголемување од 388 евра. ОД сојузот на синдикати велат иако според пресметките за куповната моќ Македонија е рангирана повисоко на листата, тоа не значи дека работниците живеат подобро. Според нив земјава и натаму е на дното во Европа според висината на минималната плата. „Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените. Реалноста е дека македонските работници и понатаму примаат една од најниските минимални плати во Европа, а секојдневно се соочуваат со високи трошоци за храна, домување, енергенси и други основни животни трошоци.“ - велат од ССМ Од синдикатот и денеска укажаа на неопходноста од континуирано зголемување на минималната и сите останати плати, затоа што велат Македонија не смее да остане земја на евтина работна сила, а работниците велат заслужуваат плата со која ќе живеат достоинствено а не само да преживуваат. Статистиката покажува дека на ниво на ЕУ Луксембург е со највисока минимална плата од 2 771 евро додека најниска е во Бугарија или 620 евра. Според куповната моќ пак живетлите на Германија имаат највисок стандард додека најнизок е во Албанија. Инаку од 27 земји членки на ЕУ 22 имаат минимлана плата, додека во Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска нема минимална плата. Додека на ниво на земји кандидатки и потенцијални кандидатки Црна Гора, Македонија, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина имаат, додека Босна, Грузија и Косово немаат минимлна плата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарот во кавадаречко активен, се очекува до крајот на денот да биде изгаснатСè уште трае борбата со огнената стихија во Кавадаречко. Иако дел од пожарите се значително намалени, пожарот што изминатите денови гореше на потегот Раец-Дреново-Ќесендре е ставен под контрола,а надлежните очекуваат до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Дополнителен проблем претставуваат и двете нови жаришта кај Камен Дол и меѓу селата Цирково и Манастирец, каде што постои опасност огнот да прерасне во пожар од големи размери. Гори сувата вегетација, грмушки и дрва а високите температури и ветерот создаваат услови за брзо ширење на пламенот и појава на нови жаришта. На терен се ангажирани пожарникари, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и Шумското стопанство. Во гаснењето се вклучени сите расположливи ресурси на Општина Кавадарци, а значајна помош дава и локалното население. Како превентивна мерка за заштита на жителите и на учесниците во интервенцијата, во селото Дреново се стационирани две амбулантни возила со лекар, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. „Од утрово имаме голема екипа на терен, уште од 5 часот наутро. Од територијалната противпожарна единица Неготино имаме четири пожарникари со едно возило. Имаме три „ер-трактори“ од ДЗС. Од ОВР Кавадарци имаме 10 полицајци со теренски возила кои им помагаат на нашите пожарникари. Имаме 12 пожарникари од Територијалната противпожарна единица Кавадарци со пет противпожарни возила. Со ваква координирана акција целиот обрач на пожарот е опфатен и сите елементарни загрозувања се елиминираат“, изјави Јанчев. Со порастот на дневните температури и засилениот ветер постои ризик од повторно активирање на жариштата, предупредува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Овој пожар е тежок за гаснење. Станува збор за комплексен пожар кој се одвива на тешко пристапен терен, обраснат со густи грмушки и трње, што го отежнува движењето на пешадијата. Зад нас има многу стрмни ридови. Гореше голема пожарна линија, па неговото гаснење мораше да се изведува на малку поспецифичен начин. Градоначалникот Јанчев покажа школски пример како треба да се гаси еден ваков пожар“, изјави Ангелов. Надлежните апелираат граѓаните да не се приближуваат до опожарените подрачја и да не ги блокираат пристапните патишта по кои се движат противпожарните и другите службени возила. Секој нов пожар, појава на чад или сомнително однесување треба веднаш да се пријави на единствениот број за итни повици 112. До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најкритичните часови допрва следуваат. Со растот на дневните температури и засилувањето на ветерот се зголемува и опасноста од повторно активирање на недогаснатите жаришта, посочуваат надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени Кукли“Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат.Кратовчанката која наплаќаше влез во Камени Куклици заврши во притвор. 41-годишната Стојна Димитровска, според обвинителството, подолг период бесправно го узурпирала заштитениот локалитет „Куклица“, без правен основ им наплаќала влезници на посетителите, влегувала во расправии и им упатувала закани. И покрај претходно изречената забрана да го посетува локалитетот, таа продолжила со истото однесување, а при последниот инцидент физички нападнала и полициски службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат, а заедно со нејзиниот сопруг и претходно биле инволвирани и во спречување пазарни инспектори при вршење службени дејствија. -При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат. Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка. – соопштија од Обвинителството Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат. Според нив, на дел од туристите им биле наплаќани по 10 евра од лице, а при претходни посети и до 20 евра, со објаснување дека локалитетот „Камени кукли“ е приватна сопственост. Проблемот со узурпацијата на заштитеното природно подрачје, според надлежните, се провлекувал долг временски период. Од Општина Кратово посочија дека за случајот алармирале уште во 2015 година, а во 2024 година биле поднесени и кривични пријавиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter