Абе – најмладиот премиер на Јапонија - Канал 5

Абе – најмладиот премиер на Јапонија

 Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе денеска беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.

Абе – најмладиот премиер на Јапонија

Поранешен припадник на јапонската морнарица Тацуја Јамагами двапати пукаше во Абе. Јамагами веднаш е приведен.

Абе беше префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.

Абе во 2006 година на 52-годишна возраст првпат беше именуван за премиер. Тој е најмладиот премиер на Јапонија, поради што го сметаа за симбол на младоста и промените.

Првиот мандат на Абе беше турбулентен, опфатен со скандали и несогласувања и заврши со негова ненадејна оставка по речиси една година. Тој првично најави дека се повлекува од политички причини, за подоцна да признае дека има здравствени проблеми.

Абе повторно се кандидираше и ја презеде премиерската функција во 2012 година, само една година по разорниот земјотрес и цунамито што предизвика нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа во Фукушима. Тој понуди план за заживување на економијата.

Јапонската економија е трета по големина во светот и е во стагнација повеќе од 20 години. Планот на Абе за економијата вклучуваше големи владини трошоци, масовно монетарно олеснување и намалување на бирократијата.

Абе, исто така, се обиде да го запре опаѓачкиот наталитет, нудејќи придобивки посебно за мајките. Но, со тоа ги поттикна контроверзните зголемувања на даноците на потрошувачката и го преоптовари јапонски систем на социјална помош.

Економскиот план на Абе не постигна голем напред, дефлацијата сè уште беше присутна, а економијата беше во рецесија дури и пред пандемијата со Ковид-19 во 2020 година.

За време на пандемијата, популарноста на Абе дополнително се намали бидејќи неговиот пристап за решавање на проблемот беше критикуван како бавен и збунувачки. Рејтингот на Абе беше екстремно низок.

На меѓународната политичка сцена, Абе зазеде тврд став кон Северна Кореја, а се понуди да посредува по меѓу САД и Иран. Абе разви личен однос со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Но, Трамп се обиде го принуди Токио повеќе да плаќа за американските војници стационирани во Јапонија.

Поранешниот јапонски премиер се обиде да ги поправи односите со Кина и Русија. Сепак, договор со Русија за спорните северни острови не беше постигнат, а не успеа и планот кинескиот претседател Си Џинпинг да допатува во државна посета на Јапонија.

Абе не се согласи на компромис со Јужна Кореја за нерешените воени спорови и продолжи со плановите за ревидирање на пацифистичкиот устав на Јапонија.

За време на неговиот мандат, Абе претрпе политички „бури“, вклучително и обвинувања за кронизам.

Абе во август 2020 година предвреме се повлече од функцијата поради здравствени проблеми односно поради улцеративен колитис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. 

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер