97- годишен Украинец пред четири месеци играше тенис со Надал, а сега е заглавен среде војната - Канал 5

97- годишен Украинец пред четири месеци играше тенис со Надал, а сега е заглавен среде војната

Четири месеци откако 97-годишниот Леонид Станиславски го исполни својот сон играјќи неколку гема со најдобриот во историјата Рафаел Надал, „најстариот тенисер на светот“ доживува кошмар додека Русите го бомбардираат неговиот Харков.

97- годишен Украинец пред четири месеци играше тенис со Надал, а сега е заглавен среде војната

„Се надевам дека ќе доживеам стотка. Но, пред тоа, морам да го преживеам овој ужас“, изјави Станиславски. „Војната почна на 24 февруари. Оттогаш практично не излегувам надвор. Имам продукти, фрижидерот е полн. Седам во куќата, не одам никаде.“

"Мојата ќерка Тања е во Полска и сака да одам таму. Но, решив да останам. Глув сум, па можам да спијам навечер бидејќи не слушам ништо. Но знам дека бомбардираа, бомбардираа синоќа", вели тој. Станиславски ја преживеал Втората светска војна бидејќи бил инженер и помогнал во изградбата на советските авиони за борба против нацистите.

„Не мислев дека ќе доживеам друга, пострашна војна. Мајките губат деца, жените ги губат синовите и сопрузите“, рече тој. „Што е тоа, што е добро во тоа? Во 21 век не може да има војна.“ Почнал да игра тенис доцна, кога имал 30 години, но оттогаш тренира три пати неделно.

„Тенисот е мојот живот, мојата судбина. Го играв на сериозно ниво до 90-та година, бев на Светското првенство за ветерани, на ЕП. Станиславски е најстариот тенисер со ИТФ лиценца. Поради него, Светската тениска федерација воведе нова категорија ветерани „над 90 години“.

Надал пред четири месеци го угости во неговата тениска академија во Мајорка и му го исполни сонот.

YouTube video

"Не се плашам од никого. Се надевам дека војната ќе заврши и ќе можам да играм тенис. Да одев во Полска, можев да играм таму. Но решив да останам во мојот дом", рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%

Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%.

Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%

Македонската економија расте забрзано.

Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти.

Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал.

Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо.

Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти.

Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно.

Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот.

А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа.

Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти.

Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти.

Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти.

Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор.

Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места.

И има уште еден многу важен податок.

Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%.

Почитувани граѓани,

Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните.

Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува.

Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување.

Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти.

Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи.

И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија.

Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина.

Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.

ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев.

Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили.

Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“.

Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер