Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
1Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
Живот9 годишен син се заканил - ќе ја убие мајка му, себеси и бебето ако таа има друго дете38 годишната Бет Бартон признава дека била толку преплашена од заканата на синот што се стерилизирала.Синот на Бет, Мајкл, денеска има 15 години. Прв пат се заканил дека ќе се самоубие со нож кога имал 8 години, а потоа ја проширил заканата на целото семејство ако мајка му има уште едно дете. На момчето подоцна му бил дијагностициран аутизам. - Бев сама и преплашена, мислев дека никој не може да ми помогне. Еден социјален работник дури рече дека измислувам за да привлечам внимание! Отсекогаш сум сакала да имам ќерка но морав да се откажам од тој сон бидејќи Мајкл се закануваше дека ќе го убие бебето. Знаев дека не се заканува напразно, дека е способен тоа да го стори - вели мајката која со години живеела во страв. Од рана возраст тој цртал вакви цртежи - како да ја очекува смртта. Бет се соочувала со сето тоа сама бидејќи нејзиниот сопруг починал кога таа била бремена со Мајк. Првите симптоми кај детето што го чувала сама, ги забележала кога наполнил две години. Тогаш почнал да реагира кога ќе се промени некоја рутина, сакал се да се одвива по редослед кој му е познат. Јадел ист вид на храна, со иста боја и состав. Наместо бонбони џвакал сунѓери, со часови! Го гребел ѕидот и го јадел, а ноќе многу малку спиел. Кога пораснал го мразел училиштето бидејќи не можел да престојува во широки простории со високи тавани. Ги знаел сите 500 колички кои ги имал по сериски број и боја - бил опсесивен. - Морав да се борам 11 години да се открие неговата дијагноза, аутизам, и цело време бев обвинувана дека сум лош родител. Се плашев за сопствениот живот, се стерилизирав да не се случи трагедија ако имам друго дете. Но сега Мајкл има стручна помош, смирен е, и сакаме да ја раскажеме нашата приказна за други семејства кои можеби го живеат истиот пекол - вели Бет. Кога Мајкл имал 8 години, по една кавга со братучетка, Бет го нашла својот син на подот од кујната, самиот си држел нож на вратот. Рекол дека е зол и не припаѓа меѓу луѓето на земјата. - Бев преплашена но останав смирена и му кажував колку го сакам. Ми требаше половина час да го убедам да ми го даде ножот - вели Бет. Несреќното дете уште еднаш се заканило дека ќе се убие а потоа почнало да црта цртежи на кои се повредува и себеси и другите. Пред две години на детето му бил дијагностициран Аспергеровиот синдром. Од тогаш е под третман и пооптимистички гледа на светот. Посетува посебно училиште. - Работите се многу подобри, тој веќе не зборува дека ќе се повреди. Се чувствувам посигурна, не стравувам кога ќе си легнам како ќе го затекнам наутро. Почнавме дури и да се смееме заедно, многу сме поблиски. Беше тешко додека да ја добиеме дијагнозата. Мајкл сака да ја раскажеме нашата приказна за други семејства да не бидат очајни и осамени како што бевме ние - вели Бет. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Компир манџаВо понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо 4 компири 1 главица кромид 1 морков 4 кисели краставички масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор ГроздановТагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter