9 години од „27 април“: Дел од обвинетите и поднесоа кривична пријава на Рускоска - Канал 5

9 години од „27 април“: Дел од обвинетите и поднесоа кривична пријава на Рускоска

Осудените во случајот за „27 – ми април“ и поднесоа кривична пријава на поранешната обвинителка Вилма Русковска – која ги гонеше во предметот за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба.

9 години од „27 април“: Дел од обвинетите и поднесоа кривична пријава на Рускоска

Тие обвинуваат дека постапката била монтирана, и дека во истата се влијаело врз сведок да промени исказ за да му се помогне во други кривични предмети. Јане Ченто, еден од осудените, уверува дека не станува збор за лична пресметка или реваншизам и дека ваквите наводи се поткрепени со нотарска изјава и вештачени телефонски разговори, во кои биле, како што велат, вклучени сведокот, брат на висок функционер и обвинителката Русковска. Очекуваат обвинителството итно да постапи, во спротивно најавија дека јавно ќе објавуваат имиња и докази.

-Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во оваа постапка. Меѓу брат на еден висок функционер и сведок, на можни договори со обвинителот, како и насочување за сведочењето кое го даде сведокот во таа постапка. Сведокот со изјава заведена на нотар, изјавува дека неговиот претходен исказ, даден во постапката бил невистинит, и дека истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ. Дополнително, постои вештачење од овластен судски вештак, од телефони, кои ја поткрепуваат изјавата на сведокот заверена на нотар,- - Јане Ченто – Осуден за случајот „27-ми април“.

Екс-обвинителката Вилма Русковска за Канал 5 ваквите наводи за влијание врз сведоци ги нарече невистина, а кривичната пријава неоснована, оти пресудата е потврдена на сите судски инстанци. Според нејзе, се прави обид за замајување на јавноста за да се исполни предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на осудените.

-Апсолутно, нема В од вистина, значи не влијаел, барем јас не знам, на крај-краишта сите искази на сведоци беа дадени на одбраната, а предметот најмногу се базираше на материјалните докази, а материјалните докази, не што ги видовме ние во судницата, не што ги виде јавноста во Македонија, цел свет ги виде. Така да, тие и врз база на тоа бараа повторување на постапка – одбиена им е и од основниот суд и од апелациониот суд,- -Вилма Русковска – Поранешен јавен обвинител.

За упадот во Собранието, 30-тина луѓе беа обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“.. дел од нив потоа беа амнестирани, а дваесетина добија долгодишни затворски казни.. Врховниот суд и Апелација ги отфрлија барањата за повтрување на судењето, но осудените не се откажуваат и најавуваат дека доказите што ги доставија во ОЈО ќе бидат искористени за ново барање за повторување на постапката.

Во меѓувреме речиси сите се на слобода, откако отслужија голем дел од казните и се пуштени на условен отпуст.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Бела работна униформа и чизми оставија ветеринарите пред владата на мирниот протест како симбол дека ветеринарите ја напуштаат професијата која е исклучително значајна за целокупното здравје. 

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите преку мирниот протест пред владата и пред Ахв порачаа дека е крајно време да се разговара за финансиките проблеми но и со проблемите со контролата на болеста на терен со кои се соочуваат. Едно од најургентните барања на средбата во Ахв им било ветено дека за неколку дена ќе се среди е тоа да се одболкира процесот на контрола на земените примероци на крв со кои се вршат контролите на болестите на стоката од цела земја

Од барањата кои ги има упатено писмено до владата и до Ахв се и намалувањето на ддвто на ветериантните услуги што крајно ќе придонесе за помали давачки на сточарите како и зголемување на буџетот за ветеринарните ставки кој според нив за следната година е трикратно намален.

Дека состојботе во ветрианраниот сектор се крајно лоши беше нотирано и во последниот извештај од европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

ДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. 

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот.

-Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна.

-Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска.

Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката.

Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи.

Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри.

„Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска.

Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер