83- годишниот Берлускони е во врска со 30- годишна блондинка (ФОТО)

Веќе неколку месеци кружат гласини дека поранешниот италијански премиер и тајкун Силвио Берлускони има нова девојка, а сега пристигнала официјална потврда.

Имено, папараците го снимале него и русокосата девојка фатени за раце во сончевата Сардинија, каде што Берлускони има летна резиденција на Коста Смералда, пренесува италијанскиот Vanity Fair.

Новата избраничка на неговото срце е Марта Фаскана, партиска колешка од Форца Италија и покрај политичките верувања, тие споделуваат и љубов кон фудбалот. И двајцата се страствени навивачи на Милан, и се познаваа уште од времето кога Марта работела за славниот фудбалски клуб, а Берлускони во тоа време бил претседател на Милан.

Тие биле фотографирани заедно и пред неколку месеци во Швајцарија, предизвикувајќи гласини за новата љубов на 83-годишниот љубител на далеку помлади девојки.

Многу брзо, неговиот ПР тим објави дека тој ја прекинал врската со Франческа Паскале (35), што траеше 10 години.

Се вели дека Берлускони намерно им обезбедил на медиумите фотографии од Сардинија затоа што сакал да и се одмазди на својата поранешна партнерка. Имено, пред неколку дена, Франческа Паскале ги прекри насловните страници на италијанските списанија, откако беше снимена како ја бакнува популарната пејачка Паола Турчи (55).

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер