76 години од основањето на УКИМ - Канал 5

76 години од основањето на УКИМ

76 години од основањето на УКИМ

УКИМ е потсетник на долга и вредна историја и напредок на општествениот развој на нашата држава – вака ректорката Билјана Ангелова го започна својот говор на настанот за обележување на 76-годишнината од постоењето на најстариот и најголем универзитет во земјата. Таа истакна дека од само неколку факултети во 1949 година, денес УКИМ брои 23 факултети, 5 научни институти и над 200.000 дипломирани студенти, магистри и доктори на наука.

-Нашиот универзитет, основан веднаш по втората светска војна – во време на обнова, визија и градење нови институции претставува првиот универзитет на македонски јазик, првиот државен и државотворен универзитет. Со тоа не само што започна ерата на високото образование кај нас, туку се постави и темелот на современата научна и интелектуална мисла,-истакна ректорката Билјана Ангелова.

Сепак, УКИМ и оваа година не се најде на шангајската листа најдобри универзитети во светот. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска кажа дека целта на министерството е универзитетот да се подобрува. Таа рече дека буџетот за образование е речиси двојно поголем буџет, но посочи и дека веќе се работи на нов Закон за научно-истражувачката дејност.

-Но, цел на сите нас е овој Универзитет и натаму да јакне и да се вброи на листата од 1000 најдобри светски универзитети.Работиме на нов Закон за научно-истражувачка дејност, на закон за иновациска дејност и сите други пропратни кои ќе го подобрат квалитетот на образованието.Минатогодишните 360 милиони денари годинава се зголемени на 680 милиони денари и веќе објавивме три повици за распределба на средства за научно-истражувачки проекти, вели министерката Весна Јаневска.

На настанот беа доделени и награди за најдобро дипломираните студенти во рамките на универзитетот за претходната академска година од сите факултети. Од страна на претседателот на универзитетското студентско собрание, Александар Николовски беше упатена порака до министерката и ректорската управа да не се дозволи студентите да станат дел од статистиката на млади кои заминуваат.

YouTube video

Фото: Хју Грант заспа на Вимблдон на меч на Ѓоковиќ

Мегапопуларниот актер Хју Грант е „уловен“ како дреме на тенискиот Грен слем во Вимблдон на четвртфиналниот меч Новак Ѓоковиќ - Флавиус Коболи.

Фото: Хју Грант заспа на Вимблдон на меч на Ѓоковиќ

Мечот на најтрофејниот светски тенисер на Грен слемот во Вимблдон од трибините го следеа многу познати имиња.

Хју Грант, кралицата Камила, Питер Филипс и многу други познати лица уживаат во натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавиус Коболи.

Купер Кох, Џо Алвин и Мет Бонер внимателно го следеа движењето на топката, додека Хју Грант се чини дека во еден момент заспал во одлучувачкиот момент, на крајот од првиот сет, што беше уловено од камерата.

Британскиот актер Хју Грант е редовен гостин на Вимблдон, па сите се воодушевени бидејќи одбиваат да веруваат дека актерот си дозволил да заспие за време на натпреварот.

Инаку, Хју Грант еднаш изјави во медиумите дека е обожавател на Новак Ѓоковиќ, па можеме да претпоставиме дека ова е само незгоден момент кога актерот бил „уловен“, бидејќи да не заборавиме дека Грант, како голем обожавател на белиот спорт, се појавува на многу турнири како Ролан гарос, Вимблдон, и тоа редовно.

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија синоќа започнала масовен комбиниран напад врз Украина, користејќи 18 ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови.

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

-Русија започна масовен комбиниран напад кој траеше речиси десет часа. Осумнаесет ракети, вклучувајќи балистички ракети, и околу 400 ударни дронови, од кои речиси 200 се од типот „Шахед“, напиша Зеленски на Телеграм.

Според него, главна цел на нападот бил главниот град и регионот на Киев, додека биле нападнати и регионите Чернигов, Суми, Полтава, Кировоград и Харков.

Во нападот врз Киев, две лица биле убиени, а 16 биле повредени.

-Ова е јасна ескалација на теророт од страна на Русија: стотици „маченици“ секоја вечер, постојани напади, масовни напади врз украинските градови. Ова значи дека е потребно забрзување. Мора да бидеме побрзи со санкциите и да извршиме притисок врз Русија за да ги почувствува последиците од својот терор, рече Зеленски.

Како што изјави тој, „партнерите мора да бидат побрзи со инвестициите во производство на оружје и развој на технологија“.

Зеленски, исто така, најави преговори со партнерите во рамките на Коалицијата на подготвените.

-Денес ќе разговарам со партнерите, особено во рамките на Коалицијата на волјата, за дополнително финансирање за производство на пресретнувачки беспилотни летала и снабдување со воздушна одбрана на Украина. Задачите се апсолутно јасни. Мора остро да одговориме на ваквите руски напади. Токму така ќе одговориме, предупреди Зеленски.

Тарт од тиквици

Ако барате рецепт што ги спојува свежината на сезонски тиквици, кремастата текстура на маскарпоне и богатството на чедар, додека пржената панцета и карамелизираниот кромид додаваат слој длабок вкус, овој тарт е вистинскиот избор.  

Тарт од тиквици

Вкусен, лесен и полн со ароми – совршен летен оброк!

Ако барате рецепт што ги спојува свежината на сезонски тиквици, кремастата текстура на маскарпоне и богатството на чедар, додека пржената панцета и карамелизираниот кромид додаваат слој длабок вкус, овој тарт е вистинскиот избор.

Совршен е за викенд ручек, летен пикник или како впечатливо предјадење кога имате гости. Се подготвува релативно лесно, а вкусот е вистинска гурманска приказна.

Состојки (за 4 порции):

30 грама путер

6 тенки парчиња панцета

3 средни главици кромид

2 средни тиквици

4 лажици маслиново масло

прстофат шеќер

6 јајца

200 g маскарпоне

100 g рендан чедар

гранче босилок

морска сол, по вкус

1/4 лажичка мелен црн бибер

Подготовка:

На сува тава испржете ја панцетата до крцкавост, па оставете ја на хартија да се впие вишокот маснотија. Кромидот исечкајте го тенко, а тиквиците исечете ги на листови. Во истата тава загрејте 2 лажици маслиново масло, додадете го кромидот и прстофат шеќер. Карамелизирајте 5 минути со мешање. Извадете го. Премачкајте го калапот за тарт со путерот. Наредете ред тиквици и оформете рамномерна подлога и посолете со морска сол. На подлога од тиквици прво распоредете половина од панцетата, потоа половина од карамелизираниот кромид, па ред од тиквиците, повторете ја истата постапка и на крај завршете со тиквиците. Ставете ги да се печат 10 минути во загреана рерна на 180°C. Во сад изматете ги јајцата, додадете маскарпоне, рендан чедар, босилок, сол и бибер. Добро промешајте и излејте ја смесата врз тиквиците. Печете уште 20–25 минути на 180°C, додека тартот не добие златна боја и не се стегне.

Совети за сервирање:

Сервирајте го топол или ладен со лесна салата. Одлично се комбинира со чаша суво бело вино.

притисни ентер