70% погрешно користат тоалет-хартија: Само една положба е правилна и хигиенска - Канал 5

70% погрешно користат тоалет-хартија: Само една положба е правилна и хигиенска

И повеќе од 150 години по појавата на првата тоалет-хартија, расправата за тоа како треба да биде поставена – „одозгора“ или „одоздола“ – и понатаму предизвикува бурни полемики.

70% погрешно користат тоалет-хартија: Само една положба е правилна и хигиенска

Иако повеќето луѓе несвесно развиваат навика или лична преференција, едно научно мислење сега донесува изненадувачки заклучок.

Во „одозгора“ положба, следниот лист од тоалет-хартијата е свртен кон корисникот, додека во „одоздола“ положба, хартијата виси покрај ѕидот. Иако оригиналниот патент од 1891 година, поднесен од пронаоѓачот на перфорираната тоалет-хартија Сет Вилер, ја поддржува „одозгора“ варијантата, нова научна анализа фаворизира токму спротивниот пристап.

Една рака помалку – помал ризик по здравјето

Д-р Примроуз Фристон, професорка по клиничка микробиологија на Универзитетот во Лестер, тврди дека положбата „одоздола“ всушност е побезбедна и единствено хигиенска. Причината е едноставна – се користи само една рака, со што значително се намалува ризикот од пренос на бактерии од рацете на хартијата која доаѓа во контакт со најосетливите делови од телото.

„Кај положбата ‘одозгора’, потребно е со една рака да ја држите ролната, а со другата да ја кинете хартијата. Тоа го зголемува бројот на контакти со надворешниот слој на хартијата, што значи и поголем ризик од контаминација“, објаснува Фристон за Дејли мејл.

Наспроти тоа, кај положбата „одоздола“, следниот лист лесно може да се притисне до ѕидот и да се скине без потреба од втора рака. Помалку допирање значи и помал ризик од пренос на бактерии – особено опасни за женската интимна зона, каде што ненамерниот контакт може да предизвика инфекции.

Опасности од јавните тоалети

Оваа препорака е особено важна за јавни тоалети, каде што кваките, седиштата и бравите често се жаришта на фекална контаминација.

„Во јавен тоалет, секое дополнително допирање претставува потенцијална опасност“, истакнува професорката и потсетува дека во таква средина треба да се избегнува храна, пијалак и користење на телефон.

Таа предупредува и на уште еден ризик – користењето на двете раце при бришење може да доведе до ширење бактерии од една рака на друга. На пример, ако едната рака веќе била во контакт со загадената хартија, секое понатамошно допирање – на ролната, на хартијата или на другата рака – потенцијално ги пренесува бактериите понатаму.

Што велат анкетите и историјата?

Интересно е што, според различни анкети, дури 70% од луѓето го преферираат положбата „одозгора“, додека 30% остануваат лојални на „одоздола“. Некои тврдат дека „одоздола“ има практични предности – на пример, спречува мачки или мали деца да си играат со ролната и да ја развлекуваат цела. Од друга страна, приврзаниците на стилот „одозгора“ сметаат дека така подобро гледаат колку хартија користат.

Иако современиот свет и понатаму се колеба меѓу стил и функционалност, првиот патентиран тоалет-хартија од 1891 година јасно ја прикажува ролната во положба „одозгора“. Неговиот изумител, њујоршкиот бизнисмен Сет Вилер, е заслужен за тоа што тоалет-хартијата станала перфорирана и достапна во ролна.

Од царски палати до модерни тоалети

Употребата на хартија за лична хигиена почнува уште во 14 век во Кина, каде што припадниците на династијата Хонгву користеле специјални парфимирани листови, достапни исклучиво за царскиот двор. Во тоа време, Европејците се снашле – благородниците користеле волна, коноп, па дури и чипка, додека обичниот народ користел крпи или ракави.

Во Америка сè се менува дури во 1857 година, кога Џозеф Гејети го лансира првото комерцијално пакување тоалет-хартија – медицинска хартија со алое, која се продавала во пакувања од 500 листови.

Првата ролна верзија ја патентира токму Сет Вилер, во 1881 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

Гласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. 

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

„Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник.

Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД.

Уапсен маж

Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството.

Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг.

Нацистичка историја

Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден.

Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер