Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код
1Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Македонија66 годишен пациент од Куманово е деветта жртва на западно нилска треска66 годишен маж, кој се лекувал на инфективната клиника е деветата жртва на вирусот на нилска треска, потврдија од клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло од Куманово на клиниката се лекувал 28 дена и имал тешка здравствена состојба со други хронични заболувања. „Пациентот се третираше во одделот за интензивно лекување . Пациентот беше еден од тие двајца пациенти што беа потешко болни со потешка клиничка слика и беше на механичка вентилација во респираторниот центар. И по сите превземени мерки од страна на медицинскиот персонал настапи летален исход. Пациентот е со доста придружни заболувања и тоа е еден од ризик факторите што даваат неповолен исход “, вели Д-р Фадил Цана Клиника за инфективни болести. Последната хоспитализација на клиниката била на 19 септември и има вкупно 11 пациенсти со нилска треска еден е во тешка здравствена состојба. „Еден е со потешка клиничка слика и се наоѓа во одделот за интезивно лекување“ Д-р Фадил Цана Клиника за инфективни болести. Досега од нилска треска починаа девет пациенти сите се повозрасни и со други хронични заболувања. На клиниката за инфективни болести од стартот на нилската треска биле хоспитализирани 66 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-кодМалиново-розова боја, ретка природна појава и богатство скриено во македонските планини. Македонскиот рубин, кој се среќава во околината на Прилеп и Мариово, е повеќе од камен со колекционерска вредност – тој е дел од природното и културното наследство на земјата. Целта сега е да стане препознатлив и надвор од земјава – по своето потекло, специфичните својства и приказната што ја носи за македонската природа, геологија, традиција и уметност, вели министерката за енергетика Сања Божиновска. „Сакаме името да биде поврзано со земјата од која потекнува, специфичните својства да бидат препознаени и заштитени...“ – Сања Божиновска, министерка за енергетика. Патот до правната заштита почнал минатата година. Геолошкиот завод го утврдувал потеклото и посебните карактеристики на рубинот и ја подготвил потребната стручна документација. Во мај годинава била поднесена официјалната пријава, а на 17 јуни постапката завршила со решение на Државниот завод за индустриска сопственост – географскиот назив „Македонски рубин“ добил правна заштита. Но, заштитата не треба да остане само на хартија. Со јасни стандарди и заштитено потекло, идејата е македонскиот рубин да прерасне во препознатлив национален бренд и истовремено да отвори нови можности за домашните занаетчии и дизајнери. ,,Откако ќе завршат сите потребни процедури ние ќе започнеме со официјално и детално информирање на занаетчиите, обработувачите , производителите, трговците и потенцијалните овластени корисници и сите други релевантни чинители,, – Сања Божиновска, министерка за енергетика. Следниот чекор е неговото потекло и квалитет да може лесно да се проверат. Предвиден е сертификат со податоци за потеклото, квалитетот и специфичните својства на рубинот, како и QR-код преку кој ќе бидат достапни сите информации од сертификатот. Првиот код се очекува до крајот на октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – КавадарциДенеска официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци, по повеќегодишни иницијативи и заложби за унапредување на занаетчискиот сектор во регионот.„Формирањето е поддржано од локалната самоуправа и градоначалникот, а иницијативата ја поддржаа и повеќе од 350 занаетчии од Кавадарци со своите потписи. Регионалната комора ќе претставува институционална поддршка за занаетчиите, со цел унапредување на условите за работа, развој и заштита на занаетчиската дејност. Честитки до кавадаречките занаетчии за овој значаен чекор.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер ГашиСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство, потврди собранискиот спикер Африм Гаши, откако десетина закони останаа заглавни поради не можноста да се обезбеди двојното мнозинство.. Гаши уверува дека се бара начин за надминување на разликите преку дијалог, но конкретно решение нема на повидок. Во моментов поради немање Бадентер тој не ги става на гласање законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа, иако одмана ја имаат поминато целата собраниска процедура, а нов тест се очекува да биде и законот за висока раководна служба. -Јасно е дека во Собрание имаме проблем околу гласањето на закони за кои е потребно двојно мнозинство т.н Бадентерово, но за се во демкоратијата треба разговор, дијалог и треба да има решение. Јас лично заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме, ако треба закон по закон или концептуално. Како и да е, важно е Собранието да профункционира, изјави Гаши. Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за осудителната пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, откако минатата недела напиша дека за албанскиот народ овие лица се и остануваат ослободители на Косово. Неговата изјава како претседател на македонското Собрание предизвика многу реакции и дома, а беше прозван и од српскиот претседател Вучиќ, но тој изјави дека ставот бил личен и смета дека има право на тоа. -Личноста Африм Гаши не може да биде 24 часа и од политички аспект само претседател на Собранието. И затоа свесен дека не го кажувам тоа од позиција на претседател на Собрание, тоа беше мој личен став од моето политичко минато и затоа беше јасно дека и затоа беше јасно дека никаде не се повикав на Собранието или на институцијата. Затоа би сакал и вие и граѓаните да ме разберат дека тоа е мој личен став и не треба да се меша со функцијата која ја извршувам, изјави Гаши. Гаши информираше дека и на денешната координација со пратеничките групи била отворена темата за Изборниот законик, но засега партиите остануваат без консензус за ова прашање. Гаши од партиите се уште ги чека и предлозите за формирање на анкетната комисија што треба да ги истражи трагедиите Пулс, Модуларна, Ласкарци и Беса транс, а во меѓуврем очекува да се усвојат заклучоците за Кочани на постојаната анектна комисија за човеквои права која заседава уште лани во декември.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter