600 луѓе резервирале билети од 250.000 долари за да одлетаат до вселената со Вирџин Галактик - Канал 5

600 луѓе резервирале билети од 250.000 долари за да одлетаат до вселената со Вирџин Галактик

Додека Ричард Бренсон и Џеф Безос тврдат дека не се во трка да бидат првиот милијардер со свое летало во вселената, долга низа богати луѓе се трудат да бидат меѓу првите славни личности кои ќе отпатуваат до работ на бесконечното.

600 луѓе резервирале билети од 250.000 долари за да одлетаат до вселената со Вирџин Галактик

Околу 600 луѓе од 58 земји си резервирале билет во вредност до 250.000 американски долари за да бидат во првите тури вселенски туристи, според записите на компанијата. Се верува дека на списокот има познати личности како Леонардо ДиКаприо, Том Хенкс, Бред Пит, Анџелина Џоли, Расел Бренд, Лејди Гага, Кети Пери, Џастин Бибер и Ештон Качер.

Бројот на резервациите се одржува релативно ист од 2014 година, кога Спејсшип Ту се сруши во пустината Мохаве, при што беше повреден пилотот, а загина копилотот. Некои сопственици на билети чекаат повеќе од 15 години за своите летови, според Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи е погребан во Машхед

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи беше погребан рано наутро во петокот по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот од земјата.

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи е погребан во Машхед

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи беше погребан рано наутро во петокот по локално време во неговиот роден град Машхад, на североистокот од земјата, по деновите на комеморации и погребни церемонии во Иран и Ирак, со што заврши периодот на жалост.

Последниот погреб се одржа во молитвената сала на светилиштето Имам Реза во Машхад, откако ковчегот беше пренесен околу гробницата на Имам Реза како дел од погребните обреди, објави Прес ТВ.

Погребна молитва беше одржана над неговото тело во дворот на светилиштето, по што следеше приватна церемонија за збогување за семејството на Хамнеи. По погребот, Иранците и муслиманите од целиот свет се помолија за него.

Молитвата за починатиот ја водеше најстариот син на покојниот ајатолах, Сејед Мостафа Хамнеи, кој изврши ритуални молитви над телата.

Според Прес ТВ, за време на поворката што следеше по телото на Хамнеи, можеа да се слушнат слогани „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“.

Ајатолахот Али Хамнеи беше убиен заедно со неколку членови на неговото семејство на 28 февруари, денот кога започна војната против Иран од страна на САД и Израел.

Меѓу загинатите беа сопругата на новиот лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, зетот на починатиот лидер, неговата ќерка и неговата 14-месечна внука, потсетува Прес ТВ.

Синот на Хамнеи, Моџтаба, ја презеде функцијата врховен лидер, но оттогаш не се појави во јавноста и не присуствуваше на погребните церемонии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шакира на плажа во бикини: Сигурни сте дека е таа? (ФОТО)

Шакира изминатата недела беше во Мајами, каде што одржа неколку концерти во рамките на нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, а присуствуваше и на натпревари од Светското првенство со своите синови.

Шакира на плажа во бикини: Сигурни сте дека е таа? (ФОТО)

Пејачката сега е снимена на камера како ужива во опуштен ден во Мајами Бич, Флорида.

Популарната Колумбијка повторно ја покажа својата зачудувачка фигура додека пливаше во морето, облечена во впечатливо црвено бикини со реси на горниот и долниот дел, кое го надополни со здолниште во ист стил.

Социјалните мрежи се преплавени со коментари за изгледот на пејачката, која следната година полни 50 години.

„Изгледа одлично“, „Навистина може да се пофали со такво тело и природен изглед на 49 години“, „Прекрасна е“, напишаа корисниците, додека еден се пошегува:

„Дали сте сигурни дека тоа е Шакира?“, праша еден твитерџија, алудирајќи на неодамнешните бизарни теории дека наместо Шакира на отворањето на Светското првенство настапила двојничка.

Патем, пејачката е голем љубител на фудбалот, а го отвори Светското првенство со настап за време на кој ја изведе официјалната песна на турнирот.

Таа ќе настапи и на полувремето од финалето заедно со Мадона и BTS.

Нејзината родна Колумбија беше елиминирана во осминафиналето вчера, по изведувањето на пенали против Швајцарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредни мерки во Франција поради екстремните горештини- откажани се јавните манифестации

Француската влада денеска за прв пат ќе го активира планот за вонредни состојби ORSEC како одговор на екстремната топлина. 

Вонредни мерки во Франција поради екстремните горештини- откажани се јавните манифестации

Мерката ќе се примени во сите департмани за кои е на сила највисокото, црвено ниво на предупредување поради топлотниот бран и големите горештини, објави портпаролката на владата Мод Брежеон.

„Денес ќе го активираме планот ORSEC за екстремна топлина во сите департмани со црвено ниво на предупредување. Ќе отвориме центри за ладење за да се грижиме за најранливите групи“, изјави Брежеон за телевизијата TF1.

Нов механизам за цивилна заштита

Планот, кој беше презентиран на 2 јули, е дизајниран да организира координиран одговор на сите јавни служби за време на периоди на екстремна топлина. Новиот механизам за цивилна заштита предвидува мобилизација на дополнителни ресурси за време на екстремно високи температури и вклучува мерки за пронаоѓање и помош на луѓе кои живеат сами и изолирани.

Девет департмани под црвена тревога

Според најновиот извештај од метеоролошката служба Метео-Франс, од денес напладне, девет департмани на западот од земјата ќе бидат под црвено ниво на предупредување. Портокалово предупредување е на сила за уште 72 департмани. Според „Метео-Франс“, се очекува топлотниот бран што ја погоди Франција на 4 јули да трае најмалку до вторник, а ново зголемување на температурите се очекува во недела.

Пожари и откажани прослави

Продолжените високи температури, исто така, придонесоа за појава на шумски пожари. Во првата недела од јули изгореа 9.921 хектари земја, што е речиси три пати повеќе отколку во истиот период минатата година. Поради високиот ризик од шумски пожари, властите откажаа и неколку огномети планирани за прослава на Денот на Бастилја, меѓу другите во департманите Еро и Ванде.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер