33 годишен охриѓанец седум години живее со пумпи и чека ново срце - Канал 5

33 годишен охриѓанец седум години живее со пумпи и чека ново срце

Живот со батерии на струја за да чука срцето, чекајќи донор за срце, ова е седумгодишната приказна на семјеството Најдевски. 

33 годишен охриѓанец седум години живее со пумпи и чека ново срце

33 годишниот Дарко, седум години живее со две пумпи што се поврзани на неговото срце и со нив живее. По прележан вирус Дарко добива срцева слабост и како што вели неговата сопруга двете пумпи му даваат живот.

Како Дарко има уште еден пациенти со две пумпи, а уште десет пациенти со една пумпа каде чекаат надеж дека ќе добијат срце, најголем дел се од 24 годишна возраст, а дел од нив и се родители.

Нема поголема тага кога ќе се изгуби близок, најтешко е кога на семејството треба да му кажете дека неговиот близок ќе почине, а неговите органи можат да спасат живот. Националниот координатор, Билјана Кузмановска објаснува дека не може од секој починат да се земе срце или друг орган мора да има мозочна смрт и да биде се соодветен на примателот на донор.

Оваа година имало дозвола за три транспланатации од тројца починати од кои едно срце.

Ирена и Дарко од мака до кампања, од оваа година Ирена организирала осум трибини со доктори, верски лидери, приматели на органи кои раскажуваат со посебна благодарност дека животот им го продолжил љубовата на смејство кое изгубило близок и се решиле на ваков чин.

Со новиот закон за трансплантација кој ќе стапи во сила од октомври секој полнолетен граѓанин може да даде согласност дека во случај на мозочна смрт ќе биде донор на органи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер