3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
Македонија30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицкоски приведен за „оддавање службена тајна“Вработениот во обезбедувањето на премиерот Мицкоски – полицискиот инспектор од Велес Ангел Сарамаков доби 30 дневен притвор.Вработениот во обезбедувањето на премиерот Мицкоски – полицискиот инспектор од Велес Ангел Сарамаков доби 30 дневен притвор, откако полицијата го фатила на паркинг во Велес како оддава тајни документи на МВР на друго лице, за да добие имотна корист од 50.000 евра. Лицето Б.К, кое првично беше исто така уапсено, сега според соопштенито на Обвинтиелството, има статус на сведок во постапката. Сарамаков е осомничен дека од користољубие сторил кривично дело, оддавање службена тајна, за кое му се заканува затворска казна од најмалку една година. -Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.03.2025г. на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите. – велат од Обвинителството и притоа тоа ги демантираат наводите во јавноста дека уапсениот оддавал тајни на криминалната група од Грчец, без да кажат за кого биле наменети и што содржеле. При акцијата, полицијата во возилото на Сарамаков пронашна ранец во кои биле службените материјали од МВР, а потоа биле извршени и дополнителни претреси, каде што се прибрани уште докази во интерес на истрагата. Од Владата за Канал 5 уверуваат дека во случајов не е нарушена безбедноста на премиерот Мицкоски, но експертите, алармираат дека станува збор за исклучително сериозна ситуација, која предизвикува опасност врз највисоките функционери, но и компромитирање на државните тајни, а воедно покажува и колку длабоко се инфилтрирани „кртовите“.. -Страшна, страшна состојба, морам да кажам дека е страшна состојба, плус ако сте член на една ваква служба која што се грижи за безбедноста на највисоките државни функционери, премиерот, претседателот. Министерството за внатрешни работи треба да спроведе најсериозна истрага, целосна, не само за ова лице, и за сите други кои што имаат соодветни безбедносни сертификати за пристап до овие информации, службена тајна, државна тајна итн,- Љубомир Ѓурчевски – Поранешен полициски началник во МВР. Дека постојат кртови во МВР тврдеше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој посочуваше дека се води истрага за откривање на оние кои работат против службата. Таа изјава ја даде откако беа уапсени двајца пензионирани полицајци кои исто така оддавале службени тајни на криминалната група од „Дуќанџик“ и ги пробивале полициските акции, а претходно поради истите причини беше компромитирана и акцијата Планина во 2021 година со која беше опфатена групата од Грчец. Тагови: Мицкоски Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Ѕвезда од „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“Таа глумеше во хит-серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), а еве како денеска изгледа познатата актерка Ерика Еленијак која во август оваа година се приклучи на платформа наменета за возрасни.Американската серија „Чувари на плажата“ се прикажуваше 10 години – од 1989 до 1999 година. Таа се емитуваше во 148 земји и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана телевизиска програма. Сите се сеќаваат на воведната шпица, но и на убавите актерки во црвени костими за капење. Меѓу нив е и актерката Ерика Еленијак, која денес има 56 години и не заработува од глума. Русокосата Ерика имала само 20 години кога започнало снимањето. Во тоа време, актерката била многу популарна, а во 1989 година дури била прогласена за „жена на месецот“ во списанието „Плејбој“. Зад себе има два брака, кои завршиле со развод. Таа се мажела двапати – во 1998 и 2005 година, а во 2006 година добила ќерка. Од пред неколку месеци, таа е активна на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), а „TMZ“ пишува дека за три месеци заработила 300.000 долари. Извори блиски до поранешната актерка откриваат дека „бизнисот цвета“ и дека таа заработува по 10.000 долари неделно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него. Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија. Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“. Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“. Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“. Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter