Македонија26 годишна девојка од Македонија загина утрово во стравична сообраќајкаТешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија, при што животот го загубила 26-годишна девојка од струшкото село Ливада.Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча Албанија се судрил со возило со македонски регистарски таблички, кое го управувала македонската државјанка. Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила. Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност. На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нема брза пруга, ќе има мигрантиМицкоски и ВМРО денеска се фалат дека „ќе има брза пруга“, а дека „нема мигранти“. Ова е уште една во низата нивни лаги. Пред неколку дена јасно кажавме: Скопје не е на мапата на европската брза пруга. Нема проект, нема пари, нема ништо. Сега, кога немаат што да кажат, повторно се фалат со празни ветувања. Сето ова Мицкоски го прави затоа што сака предвремени избори. Нема ниту еден реален успех на оваа влада, па повторно мора да измислува проекти како предизборни ветувања. Така ветуваше промена на името, укинување на Преспанскиот договор, па сега ветува брза пруга. Истото важи и за мигрантите. Уште на почетокот на годината предупредивме дека Мицкоски договара мигранти. Тоа го потврдија и светски медиуми. Во Давос, освен средбата со 4iG (компанија која сега е под истрага во Унгарија), имал и посебна средба токму за „економски работници“. Во Европа се зголемуваат протестите против мигранти. Европската унија усвои правила со кои им овозможува депортација на мигранти во трети земји. Македонија ја гледаат токму на тој начин - како земја во која може да се носат - затоа што нема напредок во реформите и на патот кон ЕУ. Мицкоски ја изолира земјата, а потоа ќе прифати мигранти за пари. Тоа се „економските работници“ како што ги прекрстија со закон. Владата во јануари донесе уредба за 10.000 оваа година, а Николовски најави зголемување на 50.000 нови економски работници. Реалноста е едноставна: Нема да има брза пруга, затоа што нема пари. Ќе има мигранти, веднаш по изборите, затоа што нема пари. Кога државата е финансиски исцрпена, а Мицкоски и неговата банда продолжуваат да трошат на клиентелизам и пропаганда, тогаш нема инвестиции, нема развој, туку има само увоз на евтина работна сила за да се одржи системот. Мицкоски повторно лаже. Ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже и коалиционите партнери. А најмногу – се лаже сам себе дека може да ја прикрие вистината. Нема пруга. Ќе има мигранти. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војнатаМисијата на Обединетите нации за мониторинг на човековите права во Украина заклучи дека бројот на убиени и повредени цивили во оваа земја во мај бил поголем отколку во кој било друг месец во последните четири години.Мисијата потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а 1.763 повредени во мај во Украина како резултат на насилство поврзано со конфликтот. Во претходните години, бројот на жртви постојано се зголемуваше месец по месец во текот на пролетта и летото. Причината е што употребата на моќно оружје од страна на Русија во урбаните средини беше главната причина за големиот број жртви во мај.Тагови: ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаВладата ќе ги поддржи инвестициите во вештачка интелигенција и дата-центриМицкоски вели дека државата го штити интересот на граѓаните и се грижи за општата добросостојба исто како Франција и САД.Нема да се откажеме од изградба на дата-центри, објекти со илјадници сервери кои ги чуваат и обработуваат податоците, бидејќи тоа се стотици милиони евра инвестиции, нови работни места и можност Македонија да се позиционира како дел од дигиталната инфраструктура на иднината, ама кој е инвеститорот, каде би се граделе, со колкав капацитетот и колку струја би трошеле ќе се знае кога ќе се завршат законските измени и идејата ќе стане реалност. Ова го посочи Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој вели дека државата го штити интересот на граѓаните и се грижи за општата добросостојба исто како Франција и САД. Во Собранието во моментов се разгледуваат повеќе предлог-закони во областа на дигиталните комуникации, урбанистичкото планирање и градењето кои се наоѓаат во различни фази од постапката. Дел од нив веќе се ставени на дневен ред во собраниските комисии, дел се разгледуваат по скратена постапка, додека останатите се сè уште во почетна фаза на усогласување и дебата. Додека Македонија го расчистува теренот со менување на закони за нови инвестиции и инфраструктура во секторот, за намалување на штетните емисии и кратење на големите трошоци за струја на дата-центрите, земји како Кина веќе одат чекор понатаму и веќе имаат подводни центри што користат морска вода за ладење и значително ја намалуваат потрошувачката на енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook