3Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
Автомобилизам25 години од загинувањето на Аиртон СенаНа денешен ден се навршуваат 25 години од трагедијата на патеката Имола во која загина еден од најдобрите возачи во Формула 1 во историјата, легендарниот Бразилец Аиртон Сена.Фуриозниот Бразилец беше и остана симбол на Формула 1, еден од малкуте кои ќе се паметат за сите времиња. Светот го памети по неговиот неповторлив стил на возење, бескомпромисен, луд и храбар. Сена за време на својата кариера има 80 подиуми и 41 победа возејќи за тимовите на Толман, Лотус, Мекларен и Вилијамс. Светската круна во Формула 1 ја освојуваше во 1988, 1990, 1991 , светот се прашува уште колку пати Сена ќе се беше светски шампион ако не загинеше во 34 година од животот. Тој викенд на трката за Големата награда на Сан Марино се памети како еден од најтрагичните во историјата на спортот. Многу што укажуваше дека ќе се случи некоја трагедија, и дека работите во тоа време се прилично излезени од контрола, кога станува збор за безбедноста на самите актери на трката. Ден пред загинувањето на Сена , на истата патека во квалификациите страдаше Австриецот Роланд Расенбергер, кој при брзина од 310 километри на час на кривината Вилнев се заби во заштитниот ѕид. Неколку часа по оваа трагедија, другиот ден во седмиот круг од трката за Големата награда на Сан Марино на страшната кривина Тамбурело, Сена при брзина од 307 км на час удри во оградата. Иако итно беше пренесен во болница во Болоња , сепак светот остана без еден од најголемите возачи во Формула 1 во Историјата, легендарниот Бразилец Аиртон Сена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
ЕвропаДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДПДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат. Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра. Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.Тагови: Евростат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштијаСе најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава. Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат. До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови. Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000. Ова е смислена политика, ова е одлука. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
КултураГоран Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата. Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство. „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски. Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето. Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00