При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
За време на контролата беа контролирани вкупно 1.020 возила, при што биле преземени мерки против 247 учесници во сообраќајот. За безобзирно возење по чл.297 А од кривичниот законик лишено е едно лице од слобода, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 53 возачи, 33 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 62 возачи за управување мотоцикл без заштитна кацига, а изречени се 18 мерки за возачи кои управувале возило со
несоодветна категорија, пет возачи возеле без возачка потврда, а санкциинирани се и 66 останати учесници во сообраќајот.
Привремено биле одземени три нерегистрирани возила, од кои два мотоцикли и едно патничко возило, а
привремено биле одземени под сомнение за техничка исправност две возила, од кои еден мотоцикл и едно патничко возило.
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.