22- годишен хрватски кошаркар купи куќа во Лос Анџелес за 3 милиони долари (ФОТО) - Канал 5

22- годишен хрватски кошаркар купи куќа во Лос Анџелес за 3 милиони долари (ФОТО)

Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац (22) , кој игра за Лос Анџелес Клиперс и со кои потпиша договор на 28 милиони долари , купи куќа во резиденцијалната населба мар Виста за три милиони.

22- годишен хрватски кошаркар купи куќа во Лос Анџелес за 3 милиони долари (ФОТО)

И пред да започне сезоната во НБА лигата, младиот кошаркар, од кого Клиперси имаат големи очекувања, даде нешто повеќе од 3,1 милиони долари за неговиот прв дом.

Не е изненадувачки што роден избра куќа чии простории имаат високи тавани.

Ивица Зубац е висок 2,16 метри и ќе живее во неговиот луксузен дом со својата вереница Кристина Пришч, со која се вери оваа година на Бахамите.

Луксузната куќа првично била изградена во 1955 година, но минатата година била радикално проширена и повторно изградена. Двете нивоа на модерниот дом во форма на коцка се протегаат на над 400 квадратни метри.

Дневната соба со камин има многу дневна светлина благодарение на прозорците од подот до таванот, а надворешноста е опкружена со дрвја од сите страни. Во приземјето има една спална соба, а горе уште четири.

Дворот е опремен со камена клупа и камено огниште, а единствено што му недостасува на овој луксузен дом е базен или џакузи. Сепак, бидејќи куќата е оддалечена само 15 минути возење од познатата плажа Венис, тоа не е голем проблем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство.

Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината.

Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права.

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Слем-поетестата Валерија Дамчевска е победничка на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“ - 2026, кое од 8 до 11 октомври по 16. пат се одржува во Прилеп.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а второто место го освои Стефанија Граовац, додека третото место му припадна на Матеј Петров.

Дамчевска доби подарок часовник од брендот „11и11“, а следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство.

На годинешниот слем, се претставија десетина учесници од различни градови од земјава, кои настапија со свои поетски и прозни дела.

Неколкудневниот фестивал се отвори со изложба на ДЛУМ-Битола во НУЦК „Марко Цепенков“.

Следните два дена, покрај поетските читања, се одржаа и промоции на неколку книги поезија од авторите Елена Пренџова, Сузана Мицевска, Марија Грубор, Ненад Јолдески и Пијан Славеј (Бранислав Николов), кој заедно со „Хот џез оркестра“ синоќа одржаа врвен поетски концерт во киното „Мис Стон“.

Фестивалот годинава пулсираше во африкански ритам, а за тоа продонесоа специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре.

Денес е последниот фестивалски ден, а учесниците имаа можност да присуствуваат на поетско читање на манастирот Трескавец.

Фестивалот ќе заврши вечерва со поетско читање посветено на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот.

„Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство.

Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.

Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

о. Битола: Одбележан „11 Октомври“ – денот на народното востание

Денес на големиот македонски празник „11 Октомври“ кој е симбол на македонската борба за слобода, во име на градоначалникот на Општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

о. Битола: Одбележан „11 Октомври“ – денот на народното востание

Пред споменикот на НОАВМ свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Општинскиот сојуз на борци, претставници на политичките партии, како и здруженија на граѓани, оддавајки им почит на сите народни херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија.

11 октомври 1941 година е настан од клучен историски момент, односно синоним за отпорот на македонскиот народ, датум кој симболизира официјален почеток на Народноослободителната и антифашистичка војна. Тој е важен темел во борбата за самобитност и самостојност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер