Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Здравје21-от Конгрес на лекарите на Македонија - одбележан големиот јубилеј 80 години Македонско лекарско друштвоСо околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од Македонија и 11 земји, овој Конгрес беше најмасовниот медицински собир во домашната историја. Конгресните активности се одвиваа во три сали во хотелот “Холидеј Ин“.Македонското лекарско друштво (МЛД), професионална организација на докторите по медицина во Македонија, едно од најстарите и најреномирани професионални здруженија воопшто во земјава, кое на 26 август наврши 80 години постоење (формирано е во 1945 година како Здружение на лекари, стоматолози и фармацевти), го одржа 21-виот Конгрес на лекарите на Македонија, изминативе 4 дена (од утрото на 11-ти септември до доцна попладне на 14-ти септември) во Скопје. Со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од Македонија и 11 земји, овој Конгрес беше најмасовниот медицински собир во домашната историја. Конгресните активности се одвиваа во три сали во хотелот “Холидеј Ин“. На свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекарите на Македонија, во четвртокот вечерта, говореше и Министерот за здравство Проф. Азир Алиу. Тој посебен акцент става на дигиталното здравство и дигитализацијата како клучни столбови за унапредување на здравствениот систем. - Новото софтверско решение кое го подготвуваме ќе им овозможи на пациентите полесна комуникација со лекарите, следење на здравствените индикатори и навремени реакции од страна на матичните лекари и специјалисти, Ваквите конгреси се извонредна можност за размена на знаења и искуства и придонесуваат кон подигнување на нивото на медицинската наука и практика. Сигурен сум дека токму преку заеднички ангажман и постојана едукација ќе изградиме здравствен систем кој е современ, фер и достапен за сите граѓани, рече Министерот Алиу. Непосредно пред свеченото отворање Министерот Алиу имаше интересно излагање на тема дигитализацијата во здравството, во рамките на сесија од Македонското здружение за дигитално здравство. Тој го сподели ставот дека дигитализацијата е патот кон поефикасно и поправедно здравство. На свеченото отворање се обрати и Претседателот на МЛД Проф. д-р Горан Димитров, кој го истакна значењето на МЛД во едукацијата и после завршувањето на нивното медицинско образование и за зачувувањето на угледот на лекарската професија. Во петокот вечерта, со добра организација и извонредна содржина, во Македонскиот народен театар (МНТ) свечено беше одбележан големиот јубилеј – 80 години на МЛД. Присутните на свечената прослава уживаа и во документарниот филм за 80 години МЛД. Овации кај многумина измами прекрасниот, мошне инспиративен и емотивен говор за МЛД што го одржа Претседателката на Македонија Г-ѓа Гордана Силјановска - Давкова. Прекрасни беа изведбите пред сè на вонсерискиот оперски пејач Проф. Иван Наумовски, но и на детскиот хор “Пиколо“ од ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј“ од Скопје, под диригентската палка на маестра Проф. Весна Димчевска, како и видео обраќањето и пофалните зборови што за МЛД ги искажа д-р Отмар Клојбер Генерален секретар на Светската Медицинска Асоцијација (WMA) која во среда (17-ти септември) ќе наврши 78 години од формирањето... Проф. д-р Горан Димитров, претседателот на оваа најстара, за многумина и најреномирана, лекарска асоцијација во Македонија, во име на МЛД, додели златна јубилејна плакета на Претседателката на Република Македонија Г-ѓа Гордана Силјановска – Давкова, потоа врачи плакети уште на: лекарски здруженија од седум странски држави, доктори од пет странски земји, шест домашни медицински факултети и организации како и на младиот, вреден, домашен д-р Онур Дика, претседател на Организациониот одбор на конгресот. Претседателот на МЛД го потенцираше значењето на одличното списание, угледно и во меѓународни рамки, и е најстарата стручна медицнска публикација во Македонија, „Македонски медицински преглед“ (ММП), кое во јуни 2026 година ќе наврши 80 години од своето постоење. ММП е симбол на научната и професионалната историја на македонската медицина. На прославата претседателот Димитров најави дека по неколку недели свечено ќе ја промовираат и Монографијата за 80 години постоење на МЛД. Македонското Лекарско Друштво е зачетник и еден од главните столбови на македонското здравство, извор е на првиот наставнички кадар на Медицинскиот факултет, иницијатор на идејата за (и основач на) -Лекарската комора на Македонија. Со децении соработува со Светската медицинска асоцијација (WMA), Светската здравствена организација (WHO), Европскиот форум на лекарски асоцијации (EFMA), Асоцијацијата на специјалисти по медицина на Европската Унија (UEMS). МЛД беше иницијатор на формирањето на двете најголеми регионални лекарски асоцијации: Форумот на лекарските асоцијации на Југоисточна Европа - SEEMF (во 2005 година) и Балканската медицинска докторска асоцијација - BMDA (годинава). Преку своите регионални и специјалистички здруженија, член е на повеќе од 80 меѓународни лекарски здруженија и сродни професионални асоцијации. Денес МЛД обединува повеќе од 5.000 лекари од сите профили, организирани во околу 72 специјалистички и супспецијалистички здруженија и 20 подрачни здруженија. Главен е двигател на континуираната медицинска едукација и континуираниот професионален развој на докторите по медицина и сродните професии. Помеѓу другите многубројни и мошне значајни признанија, МЛД е добитник и на државните награди „Св. Климент Охридски“ во 1995 година и „11 Октомври“ во 2005 година, потоа награда за допринос во развојот на Форумот на Медицински Асоцијации на Југоисточна Европа (SEEMF) во 2015 година, плакета во знак на признание и благодарност за придонесот во развојот и афирмацијата на Медицинскиот Факултет при УКИМ “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2022 (а по повод 75-годишниот јубилеј на факултетот), благодарница за особен придонес и поддршка на Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип во 2023 година. „Македонски медицински преглед“, кој излегува и на англиски јазик, за постигнатите резултати на својот 40-годишен јубилеј, во 1986 година, беше одликувано од претседателството на СФРЈ со Орден за заслуги за народот со сребрена ѕвезда. Мошне важно е и другото списание на МЛД - “Лекарски весник“ кое се печати повеќе од десет години. На говорницата во МНТ, Претседателката на Република Македонија, Г-ѓа Гордана Силјановска - Давкова, помеѓу другото, рече дека за неа медицината останува најценетата, најхуманата, најпосакуваната професија. Таа кажа дека јубилејот означува осум децении макотрпна и посветена работа, континуирана, силна поддршка на здравството и на лекарската професија, храбра борба за поздрави граѓани, за функционална и ефикасна здравствена заштита, за пристојно здравство. Претседателката Силјановска - Давкова истакна дека егзодусот на најдобрите лекари, медицински сестри и друг медицински кадар е тешка општествена болест и укажа на итната потреба од негово лекување, преку одлучна битка за задржување на најдобрите дома, во македонските здравствени установи како нејефикасен здравствен процес за надминување на опасната криза на недостиг на кадар, нужен за подобрување на нарушеното здравје на нацијата. Таа длабоко заблагодари на сите лекари за секој спасен живот, секоја победена болест, секој излекуван пациент и изрази восхит кон нив за решеноста и способноста стоички и достоинствено да го носат товарот на професијата. – Осумте децении се континуирана, силна и храбра поддршка на здравствениот систем и на медицинската професија. Длабоко верувам дека улогата на Друштвото никогаш не била само организациска, туку и образовна, научна и реформска, хумана и етичка! Здравствената заштита е темелот и столбот на едно општество. Да се биде лекар за мене е повеќе од професија. Тоа е повик, обврска што не престанува ни кога завршува работното време на другите, ни кога ќе се изгасат светлата во болничките ходници. Наша, и моја обврска е да создадеме услови младите лекарки и лекари да ја гледаат својата иднина тука, дома, лекувајќи нè нас. Вие сте за мене срцето на македонската држава. Вие сте за мене крвотокот којшто ѝ дава сила. Вие сте кислородот без којшто не може да опстанеме. Како што правилниот пулс е знак за здрав организам, така и здравите граѓани се доказ за силна држава, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook