Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
2Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
Македонија17 ученици од 4 одд. од ОУ Јан Амос Коменски не одат на настава поради насилен соученик Утринава родителите протестираа бараат да се реши проблемот со ученикот кој минатата недела нападна наставничка, а имал и насилно поведение и инциденти со ученици.17 деца од четврто одделение не одат на настава во основниото училиште Јан Амос Коменски. Утринава родителите протестираа бараат да се реши проблемот со ученикот кој минатата недела нападна наставничка, а имал и насилно поведение и инциденти со ученици. Ученикот во прво и второ одделение имал образовен асистент, а во трето и четврто оделение, не му бил обезбеден од страна на училиштето. Тагови: учениците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаДимитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни паровиИзминатава недела постојано говориме за новите мерки за младите брачни парови. Истите се очекува наскоро да бидат објавени, а во тек е и подготовката на законите од страна на Владата, во соработка со надлежните министерства. Се очекува законските решенија да се најдат пред пратениците во текот на месец декември, со цел да започнат да се применуваат од наредната година. Првиот закон се однесува на младите брачни парови, при што еден од партнерите треба да биде на возраст до 35 години. Тоа значи дека мерката се проширува и ќе овозможи купување станбена површина по цена која е за 20% пониска од просечната пазарна цена во претходната година. Вчера, претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека веќе е направена анализа на податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, врз основа на која ќе се утврдуваат цените за следната година. Па така, на пример, во Општина Центар просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 1.915 евра, што со предвидениот попуст од 20 проценти би значело цена од околу 1.530 евра за метар квадратен. Во Општина Карпош, каде што просечната евидентирана цена изнесувала 1.386 евра за метар квадратен, со попустот цената би изнесувала 1.110 евра, додека пак во општина Аеродром, просечната цена изнесувала 1270 евра, а со попустот цената би била 1016 евра. Исто така, предвидено е секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект да издвои 10 проценти од станбената површина за лицата кои ги исполнуваат условите утврдени со законот. Вториот закон предвидува ослободување од плаќање комуналии за младите брачни парови кои го исполнуваат предвидениот возрасен услов. Со оваа мерка, која веќе се применува во дел од скопските општини, се предвидува можност за нејзино проширување на целата територија на државата, со што дополнително ќе се намалат трошоците и ќе им олесни на младите брачни парови процесот на решавање на станбеното прашање. Почитувани, Со овие два специјални закони, Владата им го олеснува решавањето на станбеното прашање на младите брачни парови, со цел да им обезбеди подобри можности и поддршка при создавањето сопствен дом. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да работи на создавање нови можности за младите, подобрување на нивниот животен стандард, но и да дава поддршка на различните категории граѓани во секоја сфера. Веќе две и пол години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за сите граѓани да можат да живеат достоинствено во својата земја. Катерина Димитровска, член на ИК на УЖ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСофија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 годиниНајплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години. Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели. На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег. Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание. Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ФудбалСкандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведуваЛегендарниот голман на Германија и Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно се разведува, откако ја изневерил својата бремена сопруга Аника со помлада девојка.Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 40 годишниот Мануел Нојер повторно се разведува. Неговиот брак со Аника Бицел Нојер не траел долго (нешто повеќе од една година) и двојката се развела само два месеци по раѓањето на нивниот втор син. Според германските медиуми, причината е неверството. Нојер наводно е во врска со 23-годишна жена чие име не е објавено, со која тој поминал време и во Бразил додека се опоравувал од повреда. Двајцата биле видени заедно, а Нојер ја изневерил сопругата додека таа била бремена. Дека ова не се само медиумски шпекулации, покажува објавата на Аника Бизел Нојер на социјалните мрежи на оваа тема. Познатиот голман наводно со месеци е во врска со ова 23-годишната девојка, за која Аника Бизел Нојер се сомневала кога била во последните месеци од бременоста, особено поради неговите чести отсуства. Кратко откако се породила, Мануел Нојер ѝ рекол на сопругата дека сака развод. За Мануел Нојер, ова е втор пропаднат брак. Од 2017 до 2020 година, капитенот на Баерн беше во брак со дресурачката Нина Нојер. Пред тоа, неколку години беше во врска со Катрин Гилх. Нивниот раскин беше објавен кратко по триумфот на Германија на Светското првенство во 2014 година. Првиот брак на Нојер исто така заврши со развод, а неговиот приватен живот повторно стана централна тема во германските медиуми, кои во претходните месеци пишуваа за големите неуспеси на легендата и огромните проблеми со повредите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter