17- годишен англиски фудбалер колабирал и починал на теренот

Огромна тага го погоди островскиот фудбал.

Младиот фудбалер Кејлен Денис (17) починал на натпревар на неговиот клуб Волтамстоу на нисколигашките терени во Англија, соопштија од клубот.

На натпревар на селекцијата до 23 години, тој ненадејно колабирал и покрај реакцијата на лекарскиот тим, набрзо починал.

Тој е роднина на многу попознатиот напаѓач Рајан Брустер, кој настапува за Шефилд Јунајтед, а нему му го посвети голот што го постигна претходната вечер против Милвол во Чемпионшип.

- Бевме потресени кога дознавме дека Денис починал за време на натпреварот. Испраќаме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, соиграчите и сите што го познаваа – објави Волтамстоу.

Во продолжение погледнете како Брустер му го посвети голот на својот братучед.

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби.Само СДС не се отргна од Груби. Месец дена СДС молчи за Груби.

Да не беше СДС и нивната желба за власт по секоја цена во прв ред немаше воопшто да се случи Груби.

Артан Груби направи милионски криминал во време кога МВР го водеше Оливер Спасовски, премиери беа Заев и Ковачевски, а судството и обвинителството беа под целосен притисок од нив.

Во таква ситуација СДС не може да кажат дека не знаеле што прави Артан Груби.

Дополнително за Груби и неговото криминално однесување гласно зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.

СДС мора да собере храброст и да се извини за Артан Груби. Се додека не се извинат за криминалите на Груби се дотогаш не можат да кажат дека се отргнале од него и од ДУИ.

Само целосно соочување со реалноста и извинување за Груби ќе значат за СДС нов лист. Се додека не го направат тоа, тие покажуваат дека се истата партија која беше коалиција со Груби додека тој крадеше, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сирени за тревога и експлозии во Ерусалим, ден пред прекинот на огнот во Појасот Газа

Во Ерусалим изутрината одекнале експлозии, набргу откако се огласиле сирените за тревога во градот и централниот дел на Израел, ден пред стапување во сила на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Израелската војска соопшти дека проектили биле истрелани кон Израел од Јемен, но биле пресретнати и уништени од проиввоздушната одбрана.

Јеменските бунтовници Хути започнаа напади на израелска територија по избувнивањето на војната во Појасот Газа, тврдејќи дека се солидарни со Палестинците.

По објавувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа, Хутите предупредија дека ќе продолжат со нападите доколку Израел не ги почитува условите од договорот.

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

По повод верскиот празник Богојавление-Водици, утре ќе има посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром. 

СВР Скопје соопшти дека во центарот на градот за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.

Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.

Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

притисни ентер