16- годишник го сруши 22 години стариот рекорд на Усеин Болт (ВИДЕО)

Иако Усеин Болт ги освои сите свои бројни медали на трките на 100 и 200 метри, во помладите денови исто така многу ветуваше во трката на 400 метри.

Најбрзиот спринтер на сите времиња го постави рекордот У-17 на 400 метри во 2002 година, кога трката ја истрча за 47,33 секунди.

Тој рекорд остана до вчера. Беше срушен од 16-годишниот сонародник на Болт, Никикој Брамвел, кој истото растојание го истрча за 47,26 секунди на Игрите на Карибите.

Брамвел е голема атлетска надеж од Јамајка и се очекува да постигне голем успех во сениорската кариера. Да додадеме дека најдобриот резултат на Болт на 400 метри во сениорска конкуренција беше 45,28 секунди, додека светскиот рекорд го држи Јужноафриканецот Вејд ван Никерк, кој оваа делница ја истрча со време 43,03 на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

притисни ентер