СветМлада мисица загинала веднаш по крунисувањето- во сударот со камион загинало и нејзиното момче Младата кралица на убавината Алисон Монтано Гереро трагично загина во сообраќајна несреќа со своето момче само една недела откако беше крунисана.Таа и Хесус Едуардо Севериано Гарсија биле заробени во својот автомобил по челен судир со камион што доаѓал од спротивната насока во петокот попладне. Кога екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот, тие можеле само да ја потврдат смртта на двојката. Алисон, која трагично починала, беше крунисана за Мис Теокалтиче 2025 само осум дена претходно, на 30 октомври. Теокалтиче е општина во мексиканската држава Халиско. View this post on Instagram A post shared by Famosos (@univisionfamosos) За време на изборот,мисицата ја изрази својата љубов кон својот роден град, како што објави Сан. „Денес сакам да ви кажам дека вистинската убавина не се мери со круни или фустани, туку со способноста да се гледаат другите со почит и љубов“, рече тогаш кралицата на убавината. Алисон студирала психологија и образование на Универзитетскиот центар Лос Алтос, дел од Универзитетот во Гвадалахара, и локалните медиуми ја опишаа како посветена студентка. - Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите, - се вели во соопштението на нејзиниот универзитет. Властите на Теокалтик, исто така, ѝ оддадоа почит: „Таа не само што плени со својата убавина - таа се покажа и како извонредна млада жена со силни вредности. Нејзиното наследство остава траен белег на радост, љубезност и посветеност, што ја прави вистински извор на гордост.“ Иако Алисон не беше многу активна на социјалните медиуми, таа имаше повеќе од 5.000 следбеници на Инстаграм. На нејзината последна објава, објавена во четврток (6 ноември), се гледа како носи црна шапка и кафеава маица. Точната причина за несреќата на автопатот Халостотитлан-Теокалтик во Мексико сè уште не е утврдена. Канцеларијата на државниот обвинител на Халиско започна истрага за да утврди што се случило.Тагови: Мисица судар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава.На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината. Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена. „Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања, сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава. Тоа значи подобри услови за учење, поквалитетна организација на наставата и повеќе квалитетно време за учениците и нивните семејства“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар останува пример во инвестициите во образованието, создавајќи современи, функционални и безбедни училишта, во кои секое дете ќе има еднакви можности за квалитетно учење и целосен развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЦрн биланс во Германија: 99 лица се удавиле во јуниВо Германија, во јуни се удавиле 99 лица, а повеќето од жртвите биле мажи, според податоците на Германското друштво за спасување.Компанијата изјави дека оваа бројка е најлошиот јунски податок од 2003 година, пренесува „Дојче Веле“. Најголемиот број на давења е во езерата и реките, каде што струите и вировите претставуваат опасност. Најчестите причини за несреќи се ненадејното влегување во ладна вода, опасните скокови, обидот за пливање на долга дистанца и консумирањето алкохол пред пливање. Професорот по социјална психологија на Универзитетот во Констанц, Волфганг Гајсмаер, изјави дека мажите се посклони кон преземање ризици, наведувајќи дека клучниот фактор е нивната тенденција да ги преценуваат сопствените способности. Феликс Ребичек, кој ги истражува ризиците на Универзитетот за здравствени науки во Бранденбург, изјави дека мажите почесто се капат на диви и ненабљудувани места, што игра голема улога бидејќи е потешко да се реагира во случај на несреќа. Во Германија, мажите почесто страдаат во сите видови насилна смрт и несреќи, со исклучок на падовите, кои се почести кај постарите лица. Податоците за 2024 година покажуваат дека трипати повеќе мажи загинале во сообраќајни несреќи, речиси двојно повеќе во пожари, а имале и 25 отсто поголема веројатност да бидат жртви на убиство.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решениеСо силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања.Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми. Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура, што значително ќе ја подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот. Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, додека паралелно се реализира изградба на нова атмосферска канализација, со што трајно ќе се надминат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од градот. Реализацијата на овој капитален проект претставува конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и создавање модерна и функционална сообраќајна инфраструктура. По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје. За булеварот Борис Трајковски се огласи и градоначалникот на Скопје,Орце ЃорЃиевски. [❤️] Зборот е збор. [👷] Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос. [🫵] Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека. [🚛] Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје. [✔️] Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години. Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање. [🫡] Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. [♥️] Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! [♥️] Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје! Стои во објавата на Фејсбук на првиот чпвек на Градот Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter