СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
1СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
3Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
Балкан15 гoдини затвор за подметнувачи на пожари во АлбанијаАлбанската полиција ги засили контролите и продолжува со апсење на сите кои се обидуваат да ги запалат шумите кои се едно од национални богатства на земјата.По апсењето подметнувачи на пожари, премиерот Еди Рама им честиташе на полициските службеници за нивната ангажираност, притоа апелирајќи до "обвинителите и судиите да го почитуваат законот со казнување на виновници". - Уште еден пироман уапсен на дело од страна на државната полиција и уште една причина да се апелира до обвинителите и судиите одговорно да го спроведуваат законот, кој предвидува затворска казна до 15 години за овој тип криминалци. Уште еднаш честитки до Државната полиција за многу добрата работа што ја прави на овој фронт за заштита на колосалното богатство, создадено од генерации за идните генерации, напиша Рама на Фејсбук. Додава дека во 79 случаи на подметнување пожари решени се 55, при што кривично се гонети 62 сторители. - Дваесет пиромани се во притвор, додека другите се бранат од слобода, но се уште нема целосна казна, како резултат на скандалозниот и бесрамно неодговорен пристап на дел од обвинителите и судиите во областите, кои очигледно немаат татковина. Немаат татковина, ниту религија, ниту милост, оние кои со рамнодушност пристапуваат кон злосторство како што е палењето на таков скапоцен имот, кој им припаѓа на сите деца на Албанија и на целото човештво, посочува Рама. Потсетува дека со измените што се направени во Кривичниот законик изминатите години, палењето шуми се казнува со затвор до 15 години и го повторува апелот до правосудните органи да бидат на ниво на задачата. Во земјата само во последните десеттина дена регистрирани се околу 150 пожари во шумски предели и маслинови насади.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста? По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Но, што се случува оттогаш? Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега? Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави? СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока. Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија. Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони. Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда. Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда и контрола. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТатко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван ЈордановВчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов. Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не. Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени. СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО. Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари наместо да ги стават во функција. СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки. Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните. Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени. За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност. Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма. Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММТагови: Трајче Стојчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter