14 години од трагичната смрт на Тоше Проески - Канал 5

14 години од трагичната смрт на Тоше Проески

На денешен ден, пред 14 години, во трагична сообраќајна несреќа загина  македонскиот ангел, пејачот Тоше Проески. 

14 години од трагичната смрт на Тоше Проески

Единствениот Тоше почина на 26 годишна возраст. Најдобриот машки вокал на Балканот го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска.

Тоше почина на 16 октомври 2007 година, а неговата смрт го потресе целиот регион. Пејачот најверојатно спиел во џип управуван од неговиот другар Ѓоко Георѓиевски кога удрил во камион пред него.

Според полицискиот извештај за несреќата возачот изгубил контрола над возилото, џипот Туарег излетал на патот, а потоа удрил во метална ограда што ги дели двете ленти на автопатот.

Тоше почина на местото на несреќата, а неговите сопатници Георѓиевски и менаџерката Лилјана Петровиќ беа повредени.

Во својата десетгодишна музичка кариера Тоше има снимено 10 албуми,а неговите песни се популарни низ целиот регион кај сите генерации. Последниот албум на кој работеше беше „Игра без граници“.

Неговиот голем пријател хрватскиот пејач Тони Цетински со кого Тоше Проевски го отпеа хитот „Мордски вук“ како и секој 16 октомври во овие 14 години се присети на Тоше и напиша:

- Дури и денес, четиринаесет години подоцна, ми е тешко да зборувам за Тоше, како и за првиот ден кога тоа се случи. Со неговото заминување, веќе ништо не е исто, и секој ден, месец и година му недостасува уште повеќе, не само јас, туку мислам дека сите ние што имавме привилегија да го знаеме, да се дружиме, да работиме заедно, да се радуваме и да тагуваме! Искрено верувам дека тој отиде од ова во подобар свет, но благодарение на неговите дела, и пред се човечките доблести и скромност, еден од оние што ја вратија вербата во човештвото и Бог останува доказ засекогаш. Сигурен сум дека на свој начин тој внимава и бдее над нас и не штити со сето она што го постигна за време на овој земен живот, бидејќи тој беше и останува ангел на добрината. Го сакаме засекогаш, и знам како ќе надоместиме се што планиравме заедно кога ќе се сретнеме на расчистување, во вселената ... Засекогаш во срцето - напиша Цетински како дел од својата објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сами против сите

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.

Мицкоски: Сами против сите

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер