13 милиони прегледи во 2 дена: Тој се обиде да помине 24 часа во„ Area 51“ (Видео) - Канал 5

13 милиони прегледи во 2 дена: Тој се обиде да помине 24 часа во„ Area 51“ (Видео)

„YouTube“ ѕвездата Џими Доналдсон, познат како„ MrBeast “, се обиде да помине 24 часа во областа во САД викана „Area 51“, ова претставуваше дел од неговиот последен предизвик.

13 милиони прегледи во 2 дена: Тој се обиде да помине 24 часа во„ Area 51“ (Видео)

„Area 51“ претставува тајна американска база за која јавно CIA проговори дури во 2013. година , откако почна премногу да се шпекулира во јавноста за нејзиното постоење.

„MrBeast“ кој на „YouTube“ има повеќе од 22 милиони претплатници и е познат по своите екстремни предизвици и снимки, неговиот последен предизвик беше да проба да помине 24 часа во „Area 51“.

Тој и неговите пријатели почнаа да ја истражуваат зоната, откако стигнаа сфатија дека некој ги надгледува „ ние се обидуваме да поминеме 24 часа во „Area 51“ а снајперист од камионот не надгледува“, се говори во видеото.

Но тие не се откажале и продолжиле со предизвикот, отишле до самата стражарска капија и тамо наишле и на други посетители на зоната.

Во текот на престојот тие слушале прелетувања од авиони но не видоа ниту едно НЛО.

После успешното кампирање групата се качила на едно брдо во близината на зоната и оттаму со телескоп го набљудувале теренот.

„MrBeast“ на шега почнал да организира план за предложениот напад на „Area 51“, означувајќи ги локациите од кои секоја група на луѓе би се движела.

Снимката која моментално е на шестото место на трендинг листата на „YouTube“, за само два дена ја имаат прегледано околу 13 милиони луѓе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ

За пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока.

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ

Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка, за сега Абази да каже дека Филипче не бил виновен.

Одговорноста на Филипче во овој случај произлегува од начинот на кој биле регулирани модуларните болници уште пред нивното поставување.

Тогашниот Закон за градење бил изменет, со што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, а надлежноста за издавање одобрение за нивното поставување била префрлена на Министерството за здравство, односно на тогашниот министер Венко Филипче.

Овие објекти не биле запишани во катастар, немале одлука од Владата за трајно користење и немале одобрение за употреба согласно Правилникот за простор, опрема и кадар. За овие околности постои документација во проектната единица на Министерството за здравство, која на 12.12.2023 година била предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Каков цинизам треба да поседувате за да заклучите дека за 14 лица кои ги изгубиле животите, а притоа немало никакво исполнување на технички стандарди и објект подигнат над над бензиска станица, никој не е одговорен.

Ова е буквално учебнички пример како СДС и ДУИ го контролираат Абази, за сега Филипче да излегува на прес-конференции и самиот да се тапша по рамо и да се фали дека бил одличен министер. Па еден куп скандали се случија за време на времето на Филипче како министер. Овој случај е токму пример за злоупотреба на службена положба и овластувањата.

Топката пак на крај застана кај Ислам Абази, затоа што како најверниот послушник на Заев, Филипче и Ахмети, пред да си ги спакува куферите мора да си ја доработи својата задача и да испорача уште овој пат ,,нема основано сомнение за злоупотреба на службена положба“, за Венко Филипче.

Како мислат дека ова народот не го гледа?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ - започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза

Христијан Мицкоски ја започна предизборната кампања без ниту еден резултат во ниедна област.

СДСМ: Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ - започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза

Економија, земјоделство, здравство, образование, дипломатија - баш ништо.

Народот едвај крпи крај со крај. Потрошувачката кошница чини околу 70.000 денари, а минималната плата е 26.000 денари. Индустријата е во пад.

Мицкоски веќе претрпе пад на гласови на локалните избори. Сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања од кампањата.

Изгуби повеќе од 150.000 гласови.

Парите во буџетот за партиски тендери се сѐ помалку. Тендерите на коалицијата го чинат многу.

Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани.

Изборите ги распишува Вучиќ, мора и тој. Не може да издржи уште едни изгубени избори на своите ментори, како што беше со Орбан.

Му треба нова кампања. На национална основа, затоа што само тоа му остана.

Што е новото? Старата тема. Меѓуетнички тензии и односи во Македонија. Измислен судир со граѓаните Албанци. Сѐ во режија на Александар Вучиќ.

Сателитите во Македонија добија нова задача, а поддршката пристигнува од регионот.

Мицкоски мора да исценира нов проблем за да ги собере своите тврдокорни гласачи - својата база.

Веќе еднаш го гледавме ова, исто како во времето на Груевски. Ново рециклирано решение од минатото.

Со ова не само што му прави услуга на својот шеф и „брат“ Вучиќ во неговата кампања, туку и на себеси.

Затоа во Македонија, кај Стоилковиќ на гости, пристигна претседателот на СНС Милош Вучевиќ.

Прво беше Вучевиќ па сега и Мацут. Инструкции.

Српските медиуми за неколку дена почнуваат со работа.

Новинарите се веќе на своите позиции, само да го притиснат старт-копчето.

Латас ја зеде својата диригентска палка и, заедно со Орбановите 40 %, добива тешка српска артилерија во вид на Вучиќевата „ало-група“ и лиценцата на Euronews, која ќе ја води Ивона Талевска.

Времето на поделби почнува.

Стартот го свиреше Мицкоски на Илинден.

Операцијата „Талог“ и сеењето омраза по моделот на Ванчо Михајлов започнува.

Сѐ тоа според познатиот Гебелсов пристап: „Колку повеќе и погласно, толку повеќе вистина!“

Првата акција беше веќе вчера - провокацијата на Мицкоски во Мала Преспа.

Реакцијата од Албанија, веќе пристигна.

Ова е само почеток.

Кампањата почнува.

Граѓани, гледајте.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри

​Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри.

Сиљановска-Давкова се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри

Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, туку и колективниот и националниот идентитет.

Спортските резултати и успеси, напомена таа, го јакнат единството на младите, надминувајќи ги разликите.

Таранто, како спортски мегдан деновиве, смета таа, ќе биде место на коешто нашите спортисти имаат шанса достоинствено да ја претставуваат државата.

Претседателката ги охрабри натпреварувачите да веруваат во сопствените можности и да го дадат максимумот, нагласувајќи дека победата е највредна кога е извојувана во фер борба.

Сиљановска-Давкова ги охрабри македонските спортисти на големата меѓународна сцена да ја покажат препознатливата македонска спортска сила, нескротливата борбеност и нескршливиот дух.

Медитеранските игри овозможуваат промоција на вистински вредности преку спортска дипломатија, верува претседателката.

Претставниците на Олимпискиот комитет ја информираа претседателката дека ова е четврто учество на македонски спортисти на Медитеранските игри од независноста, а таа е првиот претседател на државата што присуствува на истите.

На Игрите настапува најбројната македонска делегација досега, составена од 130 членови, од кои 88 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 19 спортски дисциплини, во индивидуални и колективни спортови.

Посакувајќи им успех на сите натпревари, Сиљановска-Давкова им порача да веруваат во себе и преку витешка игра да ја манифестираат македонската спортска енергија на големата медитеранска спортска сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер