12-те деца и тренерот следната недела излегуваат од болница

Сите 12 деца спасени од поплавената пештера во северен Тајланд ќе бидат пуштени од болница во четврток, изјави денеска министерот за здравство во земјата.

Тој рече дека младите фудбалери и нивниот тренер заздравуваат физички и ментално, и ќе бидат отпуштени од болница на 19 јули.

Треба да ги подготвиме децата и нивните семејства за вниманието кое ќе го имаат кога ќе излезат, истакна тој.

Последната група од децата беше извлечена во вторникот со што заврши ризичната операција за спасување спроведена од страна на меѓународни и тајландски спасувачи.

Децата и нивниот тренер беа спасени од поплавената пештера Там Луанг после 17 дена поминати во неа, откако на 23 јуни влегле да ја истражуваат.

Спасувачката акција траеше три дена.

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер