12- годишно дете откри исклучително ретки коски од диносаурус (ФОТО) - Канал 5

12- годишно дете откри исклучително ретки коски од диносаурус (ФОТО)

Дванаесетгодишно момче открило скелет на диносаурус стар 69 милиони години додека се шетало во Канада.

12- годишно дете откри исклучително ретки коски од диносаурус (ФОТО)

Младиот аматер палеонтолог шетал со неговиот татко во јули во област богата со фосили во државата Алберта и видел стари коски како излегуваат од карпата.

Нејтан Хрушкин изјави дека бил „буквално без зборови“ кога ги видел коските.

„Бев толку шокиран што не бев ни возбуден, иако знам дека требаше да бидам“, изјави Хрушкин за Би-Би-Си.

Нејтан, кој се интересирал за диносаурусите од својата шестгодишна возраст, често одел на пешачење со својот татко во заштитеното подрачје на Канада.

„Отсекогаш сум бил фасциниран од тоа како нивните коски се претвораат во камен“, рече тој.

Пред една година, Нејтан и неговиот татко пронашле мали остатоци од фосили за кои неговиот татко претпоставувал дека паднале од карпата над нив. Така, ова лето, 12-годишното момче повторно сакало да го посети местото и да го истражи понатаму.

Во еден момент, Нејтан возбудено му викнал на својот татко дека мора да дојде горе.

"Буквално видовме скаменети коски. Се чинеше дека фемурот излегува од земјата", вели Дион Хрушкин, таткото на момчето.

Бидејќи Нејтан знаел дека фосилите се заштитени со закон, веднаш штом се вратиле дома, тој и неговиот татко отишле на веб-страницата на Тиралскиот кралски музеј и контактирале со релевантни вработени. Музејот ги упатил да испратат фотографии од откритието и GPS координати, што и направиле.

Експертите по нивниот извештај пронашле помеѓу 30 и 50 коски кои припаѓале на млад хадросаур, за кого се проценува дека бил стар околу три или четири години. Ископувањето на неговиот скелет завршило денеска.

"Порано бев како повеќето деца и омилен диносаурус ми беше Тираносаурус рекс. Но, сега омилен ми е хадросаурот", вели Нејтан.

Ова откритие е исто така доста значајно за музејот бидејќи фосилот, стар околу 69 милиони години, е многу ретко откритие.

"Овој млад хадросаурус е многу важно откритие бидејќи е од временски интервал за кој знаеме многу малку. Откритието на Нејтан и Дион ќе ни помогне да го пополниме овој голем јаз во знаењето за еволуцијата на диносаурусите", изјавил кураторот на музејот за палеоекологија, Франсоа Териен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер