100 дена коронавирус – колку заразата го смени светот?

По она што пред точно сто дена почна во Кина како нов и навидум безопасен вирус, ретко кој очекуваше дека безмалку половина планета ќе мора да се изолира и целосно да го промени начинот на живот.

По три месеца, бројките се незанемарливи – над 1,5 милиони заболени и 90 илјади починати и повеќе од се – дека науката единствено знае дека се уште малку знае. Прашањата дали СЗО ја потцени заразата и можеби доцна реагираше со препораките, останува предмет на анализа, но јасно е дека вирусот беше еден чекор пред сите.

-Од Кина, Ковид – 19 се пресели на стариот континент, кој лежерно и со спуштен гард му дозволи на невидливот непријател да зема се поголем замав. Најголемиот удар го претрпеа токму оние од кои се очекуваше најефикасно и најбрзо справување со заразата.

Драматичната прогноза на Меркел дека ќе заболат 70 процени од Германците не беше доволен аларм. Вирусот брзо прогресираше во Италија, Шпанија, Франција и Британија, доведувајќи ги пред колапс дел од здравствените системи и приморувајќи го прогресивнот Макрон прв да го изговори зборот војна.

Ковид – 19 се прошири на сите континенти. Дури и најмоќниот човек на светот зајадливо порачуваше дека заразата не е нешто што може да биде закана за неговата земја.

За недели подоцна, неговата реторика да прогресира во панични и црни прогнози за 200 илјади потенцијални жртви во САД во наредниот период, додека земјата го освојуваше врвот по бројот на заразени.

По речиси 80 дена, изворот на епидемијата, Вухан ги отвори своите порти кон светот, но сепак Кина стравува од нов бран на епидемијата, а најмногу поради оние кои се носители на вирусот но се асимптоматични со што земјата планира да продолжи со тестирањата и одредени мерки на претпазливост. Последниве во земјата се регистрирани 56 нови такви случаи...

Десетмина Србинки и Албанки се уапсени во Швајцарија- ги фатиле во рација во клуб

За време на рацијата во клуб во Сенвалд, кантоналната полиција на Сент Гален уапсила 20 лица, меѓу кои и генералниот директор.

Апсењата се пријавени поради кршење на законот за странци и интеграција, пренесува швајцарскиот весник на албанскиот Le canton27.ch, повикувајќи се на извори од кантоналната полиција.

Албанскиот весник „Ле Кантон“ од кантоналната полиција дознава дека се уапсени жени на возраст од 25 до 53 години, државјанки на Србија и Албанија. Со уапсените ќе постапува јавното обвинителство во кантонот Сент Гален.

Меѓу уапсените се и двајца генерални директори на клубот, Србин (49) и Црногорец (48), кои се осомничени дека нелегално вработувале државјани на трети земји.

При претресот, полицијата уапсила седум жени и еден маж, кои се сомничат дека илегално влегле во Швајцарија и работеле без валидна работна дозвола. Сега е потребно дополнително да се разјасни какви услуги давале пејачките и танчерките во клубот, изјавил портпаролот на полицијата за новинската агенција Keystone-SDA, пренесува Le Canton27.ch.

Да потсетиме, швајцарската полиција пред две недели спроведе слична акција во 13 локали и ноќни клубови во Цирих, при што беа приведени 47 лица, меѓу кои и албански пејачи. Полицијата запленила пиштоли, муниција и бејзбол палка.

Почина Афроамериканец во Охајо, откако полицаец му клечи врз вратот: Не можам да дишам (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз вратот.

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз неговото грлото и му ставија лисици, потсетување на случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година.

Видеото, снимено со камера на телото на полицаецот, е објавено вчера од полициската управа на Кантон, на кое се гледа како полицајците приведуваат маж, 53-годишниот Френк Тајсон, под сомнение дека го напуштил местото на несреќата на 18 април.

Полициското одделение не било веднаш достапно да го коментира видеото, кое беше објавено на интернет од неколку локални медиуми, ниту да ги потврди деталите за инцидентот.

Видеото трае 36 минути и започнува со тоа што полицаец наидува на автомобил кој удрил во бандера, по што случаен минувач му кажува на полицаецот дека возачот побегнал во блиската кафеана.

Полицајците на видеото потоа влегуваат во барот, каде што го наоѓаат Тајсон како стои во барот. Дошло до расправија кога се обиделе да го грабнат за раце, а тој постојано викал „Се обидуваат да ме убијат“ и „Повикајте го шерифот“.

Полицајците го туркаат Тајсон на земја и му ставаат лисици. Еден од нив му го става коленото на грбот, во близина на вратот и го држи таму околу 30 секунди.

На видеото се слуша како Тајсон повторува „Не можам да дишам, не можам, тргни се од вратот“, додека полицаецот извикува „Смири се“ и „Добро си“ пред да стане.

На видеото потоа се гледа како Тајсон лежи неподвижен на подот околу шест минути, со лицето надолу, додека полицајците разговараат со газдите на барот.

Полицајците потоа го проверуваат Тајсон, кој не реагира. Се слуша како велат „Дали дише?“ и "Дали има пулс?"

Осум минути откако му ги ставиле лисиците, ги вадат и почнуваат со CPR. Болничарите потоа пристигнуваат и го носат Тајсон од барот на носилки до амбулантно возило, како што се гледа на видеото.

Тајсон починал во локалната болница, според телевизијата WKYC, филијалата на NBC во Кливленд. Ројтерс не можеле веднаш да го потврди извештајот. Официјалната причина за смртта се уште не е утврдена.

Инцидентот потсетува на случајот со друг Афроамериканец, Џорџ Флојд, и неговата смртоносна средба со полицијата во Минеаполис пред четири години. Видеото од убиството на Флојд, снимено на мобилен телефон, стана вирално на Интернет и доведе до серија протести против полициската бруталност и расизмот низ целата земја. На тоа видео, Дерек Шовин, бел полицаец, може да се види како клечи на вратот на Флојд повеќе од девет минути додека Флојд, моли за живот повторувајќи „Не можам да дишам“ пред да замолчи.

Трчал на Лондонскиот маратон и по пат испил 25 чаши вино- има 4 милиони прегледи (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири вирално видео од Лондонскиот маратон на кој еден од натпреварувачите е снимен како пие вино, чаша по чаша.

Том Гилбеј е трговец со вино и сега е вирална сензација откако објави видео што е прегледано повеќе од 4,2 милиони пати на TikTok, на кое се гледа како пие чаша вино на секои два километри што ќе ги истрча. За да си постави дополнителен предизвик, тој ги погодил видот на виното, земјата на потекло и бербата.

Изборот на вина бил разновиден, од оние што може да се купат на бензинските пумпи до врвните вина. Гилби ја заврши трката за четири часа и 41 минута, вклучително со застанувањата.

@tomgilbeywine AND WE’VE ONLY DONE A VIDEO … 26.2 miles 25 wines tasted blind 7 fully correct, 4 wrong & 14 mostly right Over £10k raised for @sobell.house Donation link still open in Bio …. BIG FAT THANK YOU ❤️ #londonmarathon #marathon #blindtasting #tomgilbey ♬ original sound - Tom Gilbey

„Бев целосно исцрпен, целосно сварен, но тоа беше одличен ден“, изјавил тој. Инаку, тој се одлучил на овој подвиг за да собере пари за својата хуманитарна институција Собел Хаус во Оксфорд, која се грижела за неговата мајка кога таа умирала, а тој успеал да собере 14.000 евра.

притисни ентер