3Мицкоски: Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
Живот10-годишна авантура: Данец ги обиколил сите земји во светот без да користи авион (ВИДЕО)Тор Педерсен е 44-годишен авантурист кој тврди дека е првиот човек кој патувал низ светот без да лета.Својата мисија ја започнал во октомври 2013 година, оставајќи зад себе кариера во транспортот и логистиката. Неговото екстремно патешествие траело цела деценија, а за да ја исполни зацртаната цел морал да се збогува со сопругата Ле Педерсен. View this post on Instagram A post shared by Thor 🇩🇰/🇫🇮 (@onceuponasaga) На патувањето тргнал од својата татковина Данска, а потоа се упатил кон Германија. Патувањето го завршил пред еден месец, кога пристигнал на Малдивите. Во текот на десет години, тој поминал вкупно 359.000 километри пред да пристигне на својата крајна дестинација со контејнерски брод. Планирал да помине во просек по седум дена во секоја земја, но завршил во Хонг Конг цели две години поради проблемите со Ковид и визата. View this post on Instagram A post shared by Thor 🇩🇰/🇫🇮 (@onceuponasaga) Во секоја земја поминувал во просек по 17 дена, а најкратката посета му била 24 часа во Ватикан. „Морам да поминам најмалку 24 часа во земјата. Тоа што го правам не е туризам, тоа е како да трчам маратон или да одам на Месечината, тоа е достигнување. Поминувам многу време во автобуси и возови“, објасни тој. Најдолгото патување на Педерсен биле неверојатни 27 дена на контејнерски брод од Хонг Конг до Австралија. „Најдолгото возење со автобус беше 54 часа во Бразил. Сонцето зајде двапати за време на возењето. Попрво уживав во 27 дена на бродот, ми даде време да читам и вежбам и видовме китови. Беше прекрасно патување“. View this post on Instagram A post shared by Thor 🇩🇰/🇫🇮 (@onceuponasaga) Патувањата на Педерсен вклучуваа 351 автобус, 158 возови, 43 тук-туки, 37 контејнерски бродови, 33 бродови, девет камиони, три едрилици, два крстосувачи, една кочија со коњи, еден полициски автомобил и една јахта. Покрај сето тоа се возел и во минибуси, мотори, такси и трамваи. View this post on Instagram A post shared by Thor 🇩🇰/🇫🇮 (@onceuponasaga) „Кога дознав дека никој во историјата не ја посетил целосно секоја земја во светот без да лета, помислив дека можеби ќе имам можност да направам нешто необично“, открива тој и додаде дека неговата авантура ја финансирала енергетска компанија. View this post on Instagram A post shared by Thor 🇩🇰/🇫🇮 (@onceuponasaga) 44-годишникот бил во брак со својата сопруга една година кога си заминал, а таа одлетала да го види 27 пати во текот на деценијата. Педерсен ќе патува со три брода од Малдиви до Шри Ланка, а потоа до Германија, пред да отплови назад во Данска. "Мојата сопруга не сакаше да ми застане на патот на ништо што сакав да го направам. Таа беше неверојатна, многу ме поддржуваше и имавме уникатни искуства заедно низ целиот свет", рече тој, но исто така откри дека разделбите му стануваат се потешки. Педерсен не планира да се врати на својата мината кариера и се надева дека ќе напише книга за неговата авантура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБројот четири ја одбележа најуспешната година на Влатко и Златко МиладиноскиЧетири турнеи на 4 континенти, четири големи солистички концерти, четири значајни награди и признанија, а наскоро и четврти солистички албум – бројот четири на необичен начин ја одбележа изминатата година во кариерата на Влатко и Златко МиладиноскиВо изминатиот период, македонската музика ја претставија пред публиката во Америка и Канада, Европа, Азија и Австралија. Четирите меѓународни турнеи ја потврдија нивната сè поголема популарност меѓу македонската дијаспора, но и посветеноста со која ја промовираат македонската песна надвор од границите на земјата. Истовремено, зад нив се и четири солистички концерти одржани на некои од најзначајните концертни сцени во Македонија – Македонската опера и балет во Скопје, Античкиот театар во Охрид, арената „Борис Трајковски“ во Скопје и античкиот локалитет Хераклеа во Битола. Секој од концертите понуди различно музичко и сценско доживување, но сите ги обединија препознатливиот звук на Миладиноски, македонската традиција и силната поврзаност со публиката. Успешната година беше заокружена и со четири награди и признанија. Влатко Миладиноски ја доби наградата „Фолк концерт на годината“ на „Златна бубамара на популарноста“, како и признанието „Фолк пејач на годината“ на „Лазаров Awards“. Од Општина Кисела Вода му беше доделен „Златен клуч“ и признанието „Заслужен граѓанин“, додека македонскиот бренд RVR му подари специјално уметнички изработени патики, создадени во само еден примерок, како признание за неговиот досегашен труд и придонес. Симболиката на бројот четири продолжува и во приватниот и во професионалниот живот на пејачот. Влатко се наоѓа во четвртата деценија од својот живот, а во подготовка е и неговиот четврти солистички албум. До неговото целосно комплетирање недостасуваат уште само четири песни. „Дури сега, кога ги сумиравме сите активности и успеси од изминатата година, забележавме колку често се повторува бројот четири. Не знаеме дали е случајност, симболика или предзнак, но сакаме да веруваме дека најголемите успеси допрва доаѓаат. Благодарни сме ѝ на публиката што постојано е со нас и заедно со нас го живее ова музичко движење“, велат Влатко и Златко Миладиноски. Дали „четворката“ е само интересна случајност или најава за ново големо поглавје во нивната кариера, ќе покаже времето. Засега е сигурно дека подготовките за новиот албум продолжуваат, а публиката наскоро може да очекува нови песни и музички проекти од Влатко и Златко Миладиноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноемвриПремиерот на Шпанија, Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објави тој утрово во вонредно свикана институционална изјава од палатата Монклоа.Одлуката доаѓа само три дена по големиот пораз на неговата малцинска влада во парламентот, каде што пратениците отфрлија два клучни декрети со кои владата на Санчез се обиде да одговори на продлабочувањето на кризата со домувањето. Ова ќе го заврши сегашниот шпански законодавен дом околу девет месеци пред предвиденото. Непосредната причина за одлуката беше гласањето одржано во петокот. Конгресот на пратениците ги отфрли двата владини декрети за домувањето. Првиот пакет не успеа со 172 гласа „за“ и 178 „против“, додека вториот доби 166 гласа „за“ и 184 „против“. Конзервативната ПП, крајно десничарската Вокс и каталонските Хунтс гласаа против двата пакета. ПНВ и Коалисион Канарија беа исто така против вториот декрет. Особено важен за малцинската влада на Санчез беше потегот на Хунтс, партијата на Карлес Пуџдемон, чии гласови од почетокот на овој мандат беа клучни за усвојувањето на голем број закони. објавува Журнал.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпадВо текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир. Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook