- Канал 5

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карик бесен на судењето по поразот од Сити: „Малку сум загрижен...“

Предводникот на англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, се осврна на судењето и спорните одлуки на арбитрите по поразот во градското дерби против Манчестер Сити. 

Карик бесен на судењето по поразот од Сити: „Малку сум загрижен...“

Големото дерби беше решено во 60-тата минута со голот на Ерлинг Халанд. Голот првично беше поништен поради офсајд, но ВАР (VAR) интервенираше и ја преиначи одлуката донесена на теренот. Дополнителни реакции предизвика и судиската организација, која подоцна ја призна грешката и потврди дека голот не бил регуларен.

Шефот на стручниот штаб на англискиот гигант не го криеше разочарувањето од начинот на кој се носат одлуките во елитниот ранг.

– Малку сум загрижен. Да бидам искрен, поставивме монитори, линии, неколку лица и службени лица пред судиите, за да може да се донесе вистинската одлука. Но, она што навистина ме загрижува и каде ја гледам опасноста, е начинот на кој се толкуваат правилата. Тој (Енцо Фернандез) ја замавна главата и без разлика дали ја допре топката или не, Мартинез мораше да реагира бидејќи беше во добра позиција – изјави Керик.

Покрај спорните судиски одлуки, тимот од „Олд Трафорд“ имаше лош старт на новата сезона, освојувајќи само четири бода во воведните четири кола. – Не освоивме онолку бодови колку што сакавме и мораме да го прифатиме тоа. За тоа постојат неколку причини. Тоа не менува ништо; не ја менува нашата насока, ниту очекувањата за сезоната и она што можеме да го постигнеме како тим – заклучи англискиот стручњак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површини

Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно работат на терен и се грижат за хигиената во општината. 

Општина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површини

Се косат тревниците, се чистат и уредуваат улиците и пешачките патеки, се собира отпадот, а се средуваат и дрвјата и гранките на повеќе локации.

Паралелно, продолжува расчистувањето на дивите депонии, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите на Аеродром. Екипите континуирано работат на терен и навремено интервенираат на локациите каде што има потреба.

Во исто време, се поставуваат нови и се обновуваат постојните клупи за седење, создавајќи побезбедна, поуредна и попријатна средина за секојдневно живеење и престој, а се спроведува и реконструкција на детските и спортските игралишта, со што се создаваат подобри услови за игра, спорт и рекреација за најмладите, но и за сите граѓани.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, апелира до граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека чистотата на општината е заедничка одговорност.

„Чист и уреден Аеродром е заедничка грижа и придобивка за сите нас. Општината и комуналните служби продолжуваат секојдневно да работат на терен, но за трајно и одржливо решение е неопходно и одговорно однесување од секој поединец“, посочува Митески.

За граѓаните кои имаат поголемо количество отпад од своите домови, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром стои на располагање за негово преземање и правилно депонирање во ЈП „Дрисла“, за минимален паричен надомест. Услугата може да се закаже на телефонскиот број 072 270 886.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков на 19 септември во НОБ

На 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков.

Балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков на 19 септември во НОБ

На 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност.

Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетот „Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со секоја сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер