Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
1Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаОпштина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површиниЕкипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно работат на терен и се грижат за хигиената во општината. Се косат тревниците, се чистат и уредуваат улиците и пешачките патеки, се собира отпадот, а се средуваат и дрвјата и гранките на повеќе локации. Паралелно, продолжува расчистувањето на дивите депонии, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите на Аеродром. Екипите континуирано работат на терен и навремено интервенираат на локациите каде што има потреба. Во исто време, се поставуваат нови и се обновуваат постојните клупи за седење, создавајќи побезбедна, поуредна и попријатна средина за секојдневно живеење и престој, а се спроведува и реконструкција на детските и спортските игралишта, со што се создаваат подобри услови за игра, спорт и рекреација за најмладите, но и за сите граѓани. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, апелира до граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека чистотата на општината е заедничка одговорност. „Чист и уреден Аеродром е заедничка грижа и придобивка за сите нас. Општината и комуналните служби продолжуваат секојдневно да работат на терен, но за трајно и одржливо решение е неопходно и одговорно однесување од секој поединец“, посочува Митески. За граѓаните кои имаат поголемо количество отпад од своите домови, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром стои на располагање за негово преземање и правилно депонирање во ЈП „Дрисла“, за минимален паричен надомест. Услугата може да се закаже на телефонскиот број 072 270 886.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаАрсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласањеВисоката излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часотГласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПовторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. „Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник. Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД. Уапсен маж Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството. Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг. View this post on Instagram A post shared by Walk Among Heroes (@walkamongheroes) Нацистичка историја Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден. Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter