ТенисЕлена Рибакина е официјално новата најдобра тенисерка во светотКазахстанската тенисерка Елена Рибакина денес, 14 септември, официјално го презеде првото место на ВТА-листата со 9.901 бод. Пред два дена, Рибакина победи на УС Опен во Њујорк, откако во финалето ја совлада Арина Сабаленка со 6–4, 5–7, 6–2. Како резултат на тоа, Сабаленка падна на второто место со 7.875 бода, додека Американката Џесика Пегула се наоѓа на третото место со 7.265 бода. Во првите десет се и Коко Гоф, Мира Андреева, Линда Носкова, Елина Свитолина, Каролина Мухова, Ига Швјонтек и Марта Костјук. Свитолина напредуваше за две места и сега е седма тенисерка во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34
ЖивотГерманка забележала анаконда долга повеќе од два метра при прошетка крај ДунавГерманската полицијата и противпожарната служба соопштија дека една жена открила анаконда долга повеќе од два метра додека шетала покрај реката Дунав, во близина на градот Кирхрот во покраина Баварија. Жената ја забележала огромната змија во тревата на речниот брег и веднаш ги повикала полицијата и својот син. На местото на настанот пристигнале пожарникари од Кирхрот, кои со помош на експерт за влекачи утврдиле дека станува збор за анаконда – вид што потекнува од Јужна Америка, пренесува „Билд“. Со помош на импровизирана опрема, полицајците успеале да ја фатат змијата, која – според пожарникарите – останала мирна и не пружала отпор. „Беше подолга од змиите што обично ги гледаме овде“, изјавила таа пред полицијата, според „Еуроњуз“. Анакондата потоа била однесена во полициска станица, а подоцна и во прифатилиште за влекачи во Минхен, каде што била подложена на стандардни ветеринарни прегледи и карантин. Од прифатилиштето соопштија дека животното во моментов е мирно и во добра здравствена состојба. Експертите сметаат дека анакондата најверојатно избегала од заробеништво, наместо намерно да била пуштена во дивината. Од прифатилиштето напоменуваат дека чувањето анаконди во Баварија е дозволено само во ретки случаи и под строги услови. Анакондите потекнуваат од речните и мочуришните предели на Јужна Америка. Тие можат да достигнат должина од околу шест метри и тежина до 100 килограми, а пленот го убиваат со стегање. Германските власти сега се обидуваат да го пронајдат сопственикот на животното и ги повикаа сите што имаат информации за неговото потекло да стапат во контакт со прифатилиштето за влекачи во Минхен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34
МакедонијаДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Витек во ТИРЗ СкопјеСогласно концептот за активна и транспарентна соработка, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Витек во ТИРЗ Скопје, каде оствари средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.Во рамки на посетата, Димовски и Ло Конте разговараа за досегашното работење на компанијата, тековните активности, како и за плановите и можностите за понатамошен развој. Воедно, беше реализирана и обиколка на производствениот погон, при што беше согледан начинот на функционирање на производството, работните процеси и капацитетите со кои располага компанијата. Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да биде во постојан контакт со компаниите кои работат во зоните, со цел подобро разбирање на нивните тековни потреби и поддршка на нивните развојни планови. На средбата беше истакнато значењето на континуираната комуникација меѓу Дирекцијата и компаниите во зоните, со цел навремено идентификување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и создавање услови за нивно успешно работење и понатамошно инвестирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34
ФудбалКарик бесен на судењето по поразот од Сити: „Малку сум загрижен...“Предводникот на англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, се осврна на судењето и спорните одлуки на арбитрите по поразот во градското дерби против Манчестер Сити. Големото дерби беше решено во 60-тата минута со голот на Ерлинг Халанд. Голот првично беше поништен поради офсајд, но ВАР (VAR) интервенираше и ја преиначи одлуката донесена на теренот. Дополнителни реакции предизвика и судиската организација, која подоцна ја призна грешката и потврди дека голот не бил регуларен. Шефот на стручниот штаб на англискиот гигант не го криеше разочарувањето од начинот на кој се носат одлуките во елитниот ранг. – Малку сум загрижен. Да бидам искрен, поставивме монитори, линии, неколку лица и службени лица пред судиите, за да може да се донесе вистинската одлука. Но, она што навистина ме загрижува и каде ја гледам опасноста, е начинот на кој се толкуваат правилата. Тој (Енцо Фернандез) ја замавна главата и без разлика дали ја допре топката или не, Мартинез мораше да реагира бидејќи беше во добра позиција – изјави Керик. Покрај спорните судиски одлуки, тимот од „Олд Трафорд“ имаше лош старт на новата сезона, освојувајќи само четири бода во воведните четири кола. – Не освоивме онолку бодови колку што сакавме и мораме да го прифатиме тоа. За тоа постојат неколку причини. Тоа не менува ништо; не ја менува нашата насока, ниту очекувањата за сезоната и она што можеме да го постигнеме како тим – заклучи англискиот стручњак.Тагови: Манчестер Јунајтед Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34