- Канал 5

Погледнете ја најновата емисија „Само интервју“:

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германец уапсен на хрватското приморје- во изнајмената куќа му пронашле детска порнографија

Сплитско-далматската полиција ја заврши кривичната истрага против 65-годишен германски државјанин под сомнение за сторено кривично дело експлоатација на деца за порнографија.

Германец уапсен на хрватското приморје- во изнајмената куќа му пронашле детска порнографија

Неговото откривање е резултат на континуирана меѓународна полициска соработка, соопшти ПУ на Сплит-Далмација.

Како дел од кривичната истрага, полициските службеници го претресле домот што го користел осомничениот Германец. За време на претресот, пронајдени се и конфискувани лаптопи и мобилни телефони на кои, според полицијата, имал видеа и фотографии со порнографска содржина.

По завршувањето на истрагата, 65-годишниот маж вчера е предаден на надзорникот на притворот заедно со кривичната пријава. Тој е обвинет за кривично дело експлоатација на деца за порнографија согласно член 163 од Кривичниот законик на Република Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Притвор за убиецот од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство.

ОЈО: Притвор за убиецот од Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, соопшти Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, горивото го плаќам од мојата плата, службените патувања си ги покривам сам

Да се биде прв човек на градот е чест, но уште поголема одговорност.

Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, горивото го плаќам од мојата плата, службените патувања си ги покривам сам

Одговорност пред граѓаните.

Пред мојот народ.

Пред секој човек кој ја дал својата доверба со надеж дека конечно ќе види работа, ред и резултати.

Јас не сум дојден овде за да живеам на грбот на граѓаните.

Дојден сум граѓаните да го почувствуваат бенефитот од нашето работење, она што со години, со децении недостасуваше.

Затоа работиме домаќински, чесно и одговорно.

Возам сопствено возило.

Горивото го плаќам од мојата плата.

Репрезентацијата ја пренаменивме за капитални проекти.

Службените патувања си ги покривам сам.

Секој денар од буџетот мора да се врати назад кај граѓаните во нови улици, булевари, мостови, чист град, подобри услуги и проекти кои го менуваат Скопје.

За само шест месеци, градот кој беше оставен во огромна дупка го исправивме на нозе.

Го вративме редот, ја вративме работата и ја вративме надежта дека Скопје може поинаку.

Пред нас се капитални проекти кои ќе значат вистинска преродба за нашиот град.

И нема да застанеме.

Напротив, продолжуваме со уште посилно темпо, со уште повеќе работа и со уште поголема одговорност.

Не сме сите исти.

Нас нѐ прават различни чесноста, транспарентноста и домаќинското работење од нашите претходници.

Скопје заслужува градска власт која не троши за себе, туку работи за народот.

И токму така ќе продолжиме, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер