Лукаревска: Неопходни се сет мерки треба да има сет на таргетирани мерки - Канал 5

Лукаревска: Неопходни се сет мерки треба да има сет на таргетирани мерки

„ Приоритет е да имаме храна и електрична енергија“

Лукаревска: Неопходни се сет мерки треба да има сет на таргетирани мерки

Цените галопирачки ќе се зголемуваат доколку не се преземат соодветни мерки. Не ја сваќам потребата мерката да трае две недели, зарем очекуваме дека за две недели оваа криза ќе заврши? Што потоа? Сметам дека треба да има сет на мерки, кои ќе бидат таргетирани за различни целни групи и ресори, приоритет е да имаме храна и електрична енергија. Треба да се насочиме кон домашното производство за да не бидеме увозно зависни, а домашното производство ќе ни биде развиено ако имаме развиено земјоделство, а во земјоделството гледаме што се случува, вели Сања Лукаревска во Само Вистини со Видиновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Скопје поднесе обвинение против тројца за тешка кражба во „Железара“

Според ОЈО, обвинетите, во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“ одзеле различни видови електрични кабли во вредност од 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. 

ОЈО Скопје поднесе обвинение против тројца за тешка кражба во „Железара“

За тешка кражба сторена во кругот на фабриката „Железара“, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица. За еден е предложен притвор, а за двајца мерки на претпазливост.

При извршувањето на кражбата, тие оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, при што предизвикале штета проценета на 800.000 денари.

По натоварувањето на каблите во автомобил и обидот да го напуштат фабричкиот круг, тројцата биле забележани, по што биле приведени и лишени од слобода.

Со обвинителниот акт, јавниот обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за еден од обвинетите, додека за другите двајца остануваат на сила претходно изречените мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, за денеска повикани тројца сведоци од Општина Кочани

 Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, за денеска повикани тројца сведоци од Општина Кочани

За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоци - Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска - сите од Општина Кочани.

Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјасни дали го прифаќаат повлекувањето на некои од сведоците предложени од Обвинителството откако на минатото рочиште на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите.

На минатото рочиште беше сослушан сведокот Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој изјави дека до 2020 година не биле предвидувани редовни инспекциски надзори во општини во кои нема инспектори, а Кочани немало покриеност со инспектор за проверки и превенција.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето го води Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“

 Папата Лав Четиринаесетти изрази загриженост поради растечките непријателства и ширењето на воениот конфликт на Блискиот Исток и упати повици за прекин на огнот.

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“

Во услови кога се посочуваат извештаи за планови за американска копнена офанзива во Иран, првиот Папа што доаѓа од САД изрази жалење што „омразата се шири, а насилството станува се потешко и потешко“.

„Сакам да го обновам повикот за прекин на огнот, да работиме за мир, но не со оружје, туку преку дијалог, навистина барајќи решение за сите“, изјави тој пред новинарите пред својата резиденција во Кастел Гандолфо.

„Има повеќе од милион раселени лица и многу загинати“, рече папата. „Ги повикувам сите власти искрено да работат преку дијалог за решавање на проблемите“.

Лав Четиринаесетти, кој е познат по тоа што внимателно ги избира своите зборови, во последно време ги засили повиците за прекин на војната во Иран. Во неделата тој изјави дека конфликтот е „скандал за целото човечко семејство“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер