Колку брзо по будењето треба да појадувате? - Канал 5

Колку брзо по будењето треба да појадувате?

Појадок набргу по будењето може да помогне во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта и да обезбеди доволно енергија за остатокот од денот.

 Колку брзо по будењето треба да појадувате?

Се препорачува првиот оброк да се јаде во рок од еден до два часа по будењето, и приближно во исто време секој ден за да се избегне нарушување на внатрешниот часовник на телото. Исто така е важно да се обрне внимание на составот на оброкот, кој треба да биде урамнотежен.

Рано појадување за стабилен шеќер во крвта

Бројни студии сугерираат дека раниот појадок може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Една од причините е тоа што наутро телото е поосетливо на инсулин, хормон што го регулира шеќерот во крвта и тогаш го контролира поефикасно отколку подоцна во текот на денот.

По ноќно постење, резервите на енергија се намалуваат, а појадокот му обезбедува на телото енергија и хранливи материи што му се потребни за да го започне денот. Ова им помага на мозокот и мускулите да функционираат подобро и придонесува за чувство на будност и подобра концентрација.

Нашето тело има и внатрешен биолошки часовник кој им помага на органите како панкреасот, црниот дроб и мускулите да одржуваат здраво ниво на шеќер во крвта. Овој часовник е под влијание на светлината, сонот и времето на оброци, па нередовната исхрана може да ја наруши неговата функција. Јадењето појадок во исто време секое утро помага да се одржи овој ритам.

Студија која опфатила повеќе од 7.000 луѓе покажала дека доцниот појадок е поврзан со повисоки нивоа на шеќер во крвта и поголема инсулинска резистенција. Сепак, некои истражувања сугерираат дека одложувањето на појадокот може да им помогне на некои луѓе да го контролираат шеќерот во крвта, што зависи од индивидуалните разлики, навиките за спиење, хормоните, гените и можните хронични заболувања.

Што ако го прескокнете појадокот?

Иако појадокот придонесува за здравјето, повременото прескокнување нема веднаш да му наштети на телото. Луѓето понекогаш го прескокнуваат затоа што не се гладни или поради динамичниот начин на живот. Сепак, редовното прескокнување на појадокот може да има негативни здравствени последици. Истражувањата ја поврзаа оваа навика со прекумерна тежина, дебелина и зголемен ризик од срцеви и метаболички заболувања, наведува Health.com.

Студија од 2021 година откри дека појадувањето повеќе од три пати неделно е поврзано со помал ризик од дебелина, дијабетес тип 2, висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочен удар.

Како треба да изгледа урамнотежен појадок

Урамнотежениот појадок е клучен за одржување на стабилни нивоа на шеќер во крвта и обезбедување енергија за утринските часови. Основата на оброкот треба да бидат сложени јаглехидрати богати со растителни влакна, како што се леб од цело зрно, овесна каша, кафеав ориз или киноа.

Исто така е важно да се додадат протеини, кои придонесуваат за чувство на ситост и помагаат во контролата на шеќерот во крвта. Добри извори се јајца, грчки јогурт, сирење, производи од соја, јаткасти плодови и семки.

Можете дополнително да ја зголемите количината на растителни влакна со зеленчук и овошје со помала содржина на шеќер, како што се бобинките. Исто така, добра идеја е оброкот да се компетира со здрави масти кои исто така придонесуваат за ситост, а се наоѓаат во маслиновото масло, авокадото, јаткастите плодови и семките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Од вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... 

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми.

Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот.

Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот.

Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област.

Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип.

Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови.

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите.

Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер