Милошоски: Измените на Законот за Судски совет се за квалитативно кадровско подобрување, односно подигање на квалитетот за тоа кој може да конкурира - Канал 5

Милошоски: Измените на Законот за Судски совет се за квалитативно кадровско подобрување, односно подигање на квалитетот за тоа кој може да конкурира

Во денешната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека e започната процедурата за новиот закон за Судскиот совет.

Милошоски: Измените на Законот за Судски совет се за квалитативно кадровско подобрување, односно подигање на квалитетот за тоа кој може да конкурира

Според Милошоски реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за напредок во борбата за владеење на правото, посочувајќи дека се потребни измени во Законот за Судски совет во смисла на подобрување на квалитетот на оние кои конкурираат.

„Реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за да можеме да направиме чекор напред во оваа борба за владеење на правото и во обвинителството. Измените во Законот за Судски совет се подобрување на стандардите во смисла подигање на квалитетот на оние коишто можат да конкурираат да бидат членови на Судскиот совет и појасно дефинирање на она апстрактна и често злоупотребувана фраза „истакнат правник“. Тоа би требало да биде сега нешто прилично по сериозно. Нам ни е битно во тој Судски совет да има луѓе кои што ќе можат да го вратат авторитетот на Судскиот совет, којшто сега е понизок и од нискиот рејтинг на правосудството во целина“, вели Милошоски.

Милошоски наведе дека во минатото често давал критики и ставови за претседателите на судскиот совет, бидејќи според него на крајот цената ја плаќа владата, а не оние кои не ги исполниле очекуваните обврски во однос на владеење на правото.

„И затоа сум имал често и свои ставови и одредени критики кон претходниот претседател на Судскиот совет, актуелниот претседател на Судскиот совет, кон Весна Дамева кон сите нив, затоа што сметам дека на крајот цената ја плаќа Владата без разлика дали тоа била претходната или сегашната, а не ја плаќаат цената оние коишто не си ги исполнуваат задачите кои се очекуваат од јавноста оправдано по однос на владеење на правото“, рече Милошоски и додаде:

„За следната година секако се предвидени повеќе средства, но мислам дека и судиите и обвинителите ќе треба навистина подобро да ги оправдаат“, заклучи Милошоски.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалерките до 19 години во група со Норвешка, Шкотска и Австрија

 Женската македонска фудбалска репрезентација до 19 години ќе дел од завршниот круг на квалификации за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Босна и Херцеговина.

Фудбалерките до 19 години во група со Норвешка, Шкотска и Австрија

Националниот тим предводен од Кирил Изов, кој неодамна избори пласман во елитната конкуренција. Според календарот турнирите ќе се играат во периодот од 25 февруари до 7 март или од осми до 18 април, а домаќините дополнително ќе бидат одредени.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ДО 19 ГОДИНИ – ЕЛИТНА ГРУПА

ГРУПА A1: Англија, Швајцарија, Велс, Летонија

ГРУПА A2: Полска, Грција, Белгија, Романија

ГРУПА A3: Данска, Финска, Исланд, Србија

ГРУПА A4: Норвешка, Шкотска, Австрија, МАКЕДОНИЈА

ГРУПА A5: Италија, Шведска, Холандија, Украина

ГРУПА A6: Франција, Германија, Република Ирска, Словачка

ГРУПА A7: Шпанија (шампион), Португалија, Северна Ирска, Унгарија

Пласман на завршницата на континенталниот шампионат ќе обезбедуваат само победниците на групите кои ќе и се приклучат на домаќинот Босна и Херцеговина.

Европското првенство ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втора победа за Шкендија во УЕФА Конференциската лига

Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако вечерва го совладаа Слован Братислава со 2:0. 

Втора победа за Шкендија во УЕФА Конференциската лига

Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот.

Шкендија до водство дојде откако Кенан Бајриќ во 33.минута постигна автогол, а конечните 2:0 беа поставени во 45+1 минута. Стрелец на голот беше Себастијан Спахиу.

Во следното коло Шкендија гостува кај екипата на АЕК Ларнака (18.декември), екипа која има 9 бодови без пораз на петте натпревари, но и серија од три нерешени резултати откако вечерва одигра 1:1 на гостувањето кај Хакен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стармер: Трамп и Европа го сакаат „истото“ за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери го сакаат „истото“ за Украина со „праведен и траен“ прекин на огнот, истакна британскиот премиер Кир Стармер.

Стармер: Трамп и Европа го сакаат „истото“ за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери го сакаат „истото“ за Украина со „праведен и траен“ прекин на огнот, истакна британскиот премиер Кир Стармер, додека продолжуваат мировните напори околу планот предводен од САД за прекин на војната со Русија.

Стармер рече дека има „голем број прашања што сè уште треба да се решат“, но ги отфрли сугестиите дека неговиот оптимизам е ослабен пред да претседава со денешниот телефонскиот повик со сојузниците од коалицијата на подготвените.

Ова се случи откако шефот на НАТО, Марк Руте, предупреди дека Европејците мора да бидат подготвени за војна од размери со кои се соочувале нивните „баби и дедовци или прабаби“.

На прашање за време на посетата на Норфолк дали има шанси за напредок во текот на викендот или дали неговите надежи се „исцрпени“, тој рече: „Не, треба да постигнеме напредок“.

- И она што претседателот Трамп го сака, она што Украина го сака, она што Европејците го сакаат е истото, а тоа е праведен и траен мир во Украина по речиси четиригодишната агресија од Путин и Русија … Ние работиме кон таа цел, подвлече Стармер.

- Очигледно, сè уште има голем број прашања што треба да се решат, но јас сум многу на чисто дека ја поддржуваме Украина во оваа борба … Тие платија многу висока цена. Ако треба да има прекин на огнот, а се надевам дека ќе има, Украинците го сакаат тоа пред сè, тоа мора да биде праведно и мора да биде трајно, рече британскиот премиер.

Ова доаѓа откако Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера разговараа со Трамп.

Американскиот претседател рече дека разговарале за предлозите за завршување на војната со „прилично силни термини“ и дека европските лидери би сакале средба овој викенд и со САД и со Украина, додавајќи дека смета дека Зеленски „мора да биде реалистичен“ во врска со војната.

- Ќе донесеме одлука во зависност од тоа со што ќе се вратат, изјави Трамп пред новинарите за време на сесијата со прашања и одговори во Белата куќа.

Даунинг стрит соопшти дека сите лидери се согласиле дека ова е „критичен момент“ за иднината на Украина и евроатлантската безбедност, додавајќи: „Интензивната работа на мировниот план продолжува и ќе продолжи во наредните денови“.

Стармер копретседаваше со повик со Зеленски, Макрон, Мерц и лидери и претставници од околу 30 други земји, за време на кој се разговараше за „најновите информации за мировните преговори предводени од САД“, соопшти неговиот кабинет.

Групата земји предводена од Велика Британија и Франција, позната како Коалиција на подготвените, вети дека ќе ја поддржи Украина и ќе ја одврати Русија во случај на прекин на огнот.

Планирањето за потенцијални мировни сили е „детално“ и вклучува извидувачки мисии во Украина за да се утврди „кои единици би можеле да ги распоредиме, како и какви би можеле да бидат нивните улоги“, изјави портпарол на британската Влада.

- Премиерот јасно стави до знаење дека сме подготвени да испратиме војници на терен по завршувањето на непријателствата, изјави тој денеска.

Во меѓувреме, постигнат е напредок на состаноците меѓу советниците за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, според британските претставници.

Зеленски, кој го повтори своето противење на отстапувањето територија и се спротивстави на притисокот на САД за отстапки кон Русија претходно оваа недела, рече дека неговиот тим треба да ги предаде своите најнови мировни предлози на американските преговарачи во среда.

Европските сојузници на Украина ги поддржуваат неговите напори да се осигури дека секое решение е фер и ги одвраќа идните напади од Москва, како и дека ги задоволува одбранбените интереси на континентот.

Зеленски рече дека Украина ќе одржи разговори со САД за плановите за повоена реконструкција и економски развој.

Киев, исто така, работи на документ од 20 точки „кој би можел да ги дефинира параметрите за завршување на војната“.

На разговорите на Коалицијата на подготвените Зеленски рече: „Оваа недела може да донесе вести за сите нас – и за ставање крај на крвопролевањето“.

Генералниот секретар на НАТО, Руте денеска предупреди дека конфликтот е „пред нашата врата“.

- Русија ја врати војната во Европа и ние мора да бидеме подготвени за обем на војна што ја издржаа нашите баби и прабаби, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер