Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
1Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
1Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
ЕвропаПолска почнува да ја гради својата прва нуклеарна централа Полска почнува да гради нуклеарна централа во близина на Балтичкото Море, меѓу другото, за да го запре производството на електрична енергија со употреба на јаглен.Брисел даде зелено светло, пишува Дојче Веле. Одлука на Европската комисија Кога полскиот премиер Доналд Туск ја објави одлуката од Брисел на своите сонародници, звучеше како да носи ран божиќен подарок. Европската комисија ѝ дозволува на Полска да кофинансира изградба на нуклеарна централа. „Сега е можно да се гради со полна брзина - и тоа веќе во декември“, рече Туск. Изградбата на првата полска нуклеарна централа треба да чини повеќе од 40 милијарди евра. Речиси една третина од таа сума ја презема државата. Парите не доаѓаат од Европската Унија, туку од полските даночни обврзници, но за ова беше потребна дозвола од Брисел. Електраната треба да се изгради северозападно од Гдањск на брегот на Балтичкото Море, околу 250 километри од границата со Германија. Општествен консензус околу нуклеарната енергија Полското општество, длабоко поделено по многу прашања, е претежно согласно кога станува збор за нуклеарната енергија. Во анкета од минатата година, повеќе од 90 проценти од испитаниците ја поддржаа изградбата на полски нуклеарни централи, нагласува Јакуб Вих, новинар за енергетски прашања на интернет порталот „Енергетика24“. „Постои партиски консензус за нуклеарната политика во Полска - во општеството и во политиката. Во Полска нема релевантна партија што е против нуклеарната енергија.“ Замена на јагленот со нуклеарна енергија А Полјаците, свесни за климатските промени, гледаат позитивно на нуклеарната енергија. Тоа треба да помогне да се оддалечиме од производството на енергија на јаглен, кое сè уште ги покрива поголемиот дел од потребите на земјата, вели енергетскиот аналитичар Војчех Јакобик. „Со нуклеарната енергија, истовремено постигнуваме две од нашите климатски и енергетски цели: безбедност на снабдувањето и намалување на емисиите на CO2.“ Дури и во непосредна близина на планираната електрана, мнозинството од населението ја поддржува нејзината изградба, иако поддршката тука не е толку изразена како во остатокот од земјата. Ова е поврзано, на пример, со можното влијание врз туризмот. Прашањето за нуклеарниот отпад Теми како што е потрагата по конечно место за отстранување на нуклеарен отпад речиси и да не играат улога во јавната дебата, дури ни за експертот за енергетика Јакуб Вих. „Во првите децении, овие супстанции ќе можат да се складираат во самите електрани“, вели тој. „Јас би го нарекол само мал дел од тоа отпад. Остатокот од горивните прачки би можел да се преработи, така што повторно ќе може да се користи како гориво.“ Полската влада сака да ја плати првата транша од државниот удел во финансирањето на изградбата на електраната овој месец. Сепак, според сегашните планови, ќе бидат потребни повеќе од десет години додека електричната енергија всушност не тече од нуклеарната централа.Тагови: нуклеарна централа Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравјеСпецијализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември. Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен. Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза. Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ Нови задолжувања или враќање на старите долгови од претходната влада- премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче со меѓусебни обвинувања кој е виновен за парите кои допрва треба да се враќаат. Според Мицкоски владата има добар економски план кој досега се покажал како успешен, како што вели, и покрај последиците од политиките на владата на СДСМ по која требало да се отплатат долгови од 5 милијарди евра во следните две години. За критките од опозицијата за лоши резултати во капиталните инвестиции, премиерот одговори дека досега за годинава има реализација од 70 проценти. „ Со несмалена динамика продолжуваме и следната година. Она кое треба да го знаат граѓаните е дека за 2027 и 2028 година, за да ги платиме каматите на заемите на претходната влада, истите да ги рефинансираме, да ги рефинансираме домашните заеми, да го рефинансираме буџетскиот дефицит којшто генерално е содржан во рамките на капиталните инвестиции, ни се потребни околу 5 милијарди евра, толку пари треба да обезбедиме за следните две години. Со толку практично тие ги задолжиле неродените генерации. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти Мицкоски, претседателот на СДСМ Филипче вели дека долговите не се стари туку креирани од актуелната влада. Со предлог-буџетот за 2027 година нема да има капитални проекти и повисоки плати, ниту повеќе пари за здравството, образованието и земјоделството, изјави Филипче. -На целата таа лоша економска политика, лоша структура на буџетот, дополнителните лаги на премиерот е дека се задолжува да враќа стари долгови. Чиста лага... Ако навистина се задолжуваше државата да ги врати старите долгови, тогаш вкупниот долг немаше да расте, а порасна од 8,5, па 11 а ќе биде 12 милијарди евра. Најголем историски долг во историјата на државата. Христијан Мицкоски при репрограмирањето, враќањето на старите долгови, се задолжува дупло – еден дел за стари долгови, уште толку за нивни проекти коишто не се капитални туку за трошење пари,- Венко Филипче - претседател на СДСМ. Со предлог-буџетот за следната година се предвидени вкупни приходи од 6,43 милијарди евра, расходи 7,16 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари или 3,5 отсто од БДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе има ли поскапување на цената на струјата и парното по нова година?Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини власта дека води лоши економски политики. Тврди дека и покрај ветувањата оти струјата нема да поскапи се најавува ново зголемување на цените на струјата и парното, што според него дополнително ќе го оптовари животниот стандард на граѓаните . „Иако токму тој во септември ветуваше и укажуваше дека цената на струјата нема да поскапи, претседателот на РКЕ, членот на ВМРО криминалната група, Ацо Ристов, најави зголемување на струјата од 2 до 3 проценти и на парното, коешто е веќе зголемено 5 проценти, за дополнителни 6 до 8. Ете толку од добрите економски политики на оваа власт и толку од желбата да се зачува, во најмала рака, а па не станува збор за зголемување на стандардот на граѓаните. Што ќе се случи после Нова година кај нас? Ова зголемување на струјата за 2 до 3 проценти ќе повлече зголемување на сите производи кај нас“, подвлече Филипче. Лидерот на опозицијата предупреди дека новите поскапувања дополнително ќе ја намалат куповната моќ на граѓаните, во услови кога, како што посочи, синдикалната потрошувачка кошничка веќе достигнала 71 илјада денари. Од Регулаторната комисија за енергетика за Канал 5 кусо информираат дека не коментираат политички ставови и дека во моментов нема донесено одлука за поскапување на струјата. Евентуалната промена на цената се очекува да се разгледува во текот на декември. Претходно, претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во телевизиско гостување изјави дека компаниите побарале поскапување на парното од 45 до 50 проценти, што го оцени како неприфатливо. Сепак, поради растот на цената на природниот гас, очекува зголемувањето да се движи од шест до осум проценти, додека струјата за домаќинствата од Нова година би можела да поскапи за два до три проценти. Од друга страна, премиерот Мицкоски предупреди дека Европа ја очекува исклучително тешка зима поради енергетската криза и високите цени на енергенсите. Тој уверува дека Владата ќе продолжи со мерките за заштита на животниот стандард и спречување драстични поскапувања. Според Мицкоски, со намалувањето на акцизите за горивата и ДДВ, Македонија поуспешно се справува со енергетската криза во споредба со земјите од регионот. „За нас како Влада главна цел е да го одбраниме стандардот на граѓаните од оваа зима. Односно да не дозволиме драстични скокови кога станува збор за цените на енергенсите. И во таа насока ќе продолжиме да ги водиме нашите политики. Кога станува збор за енергенсите, тука мислам на цената на електричната енергија и цената на топлинската енергија којашто ја добиваат одреден дел на граѓани во главниот град Скопје“, изјави Мицкоски. За справување со енергетските предизвици, Владата планира да го зголеми домашното производство на струја во термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“, преку набавка на јаглен од Косово, како и да го рестартира ТЕЦ „Неготино“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter