Кирјас: За 50 години ако продолжиме вака, нема да има кој да плаќа пезниско“ - Канал 5

Кирјас: За 50 години ако продолжиме вака, нема да има кој да плаќа пезниско“

„Ние не смееме да продолжиме со наративот дека државата не ја бива“

Кирјас: За 50 години ако продолжиме вака, нема да има кој да плаќа пезниско“

Никако со ксенофобија или понижување, туку со разум како Македонија да си го задржи идентитетот и културата и исто време економски да се развива, инаку патот ни е пропаст. За околу 50 години ако продолжиме вака, нема да има кој да плаќа пезниско осигурување и данок, самиот недостаток од тие 7320 работници кои според статитика ги немаме, тие ќе го полнат фодот за пензиско осигурување. Ние не смееме да продолжиме со наративот дека државата не ја бива, имаме различки погледи, може да не се согласуваме, мораме низ дебата да ги решаваме проблемите. Јас сум мигрант во Европа, и што правам таму, кршам, убивам? Не, придонесувам таму и плаќам даноци, вели Емил Кирјас во „Само Вистини со Видиновски“.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти и азиланти е манипулативна политичка тема,  порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено

-До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема, истакна Милошоски.

Во гостување на Канал 5 телевизија тој нагласи дека Македонија и Велика Британија имаат потпишано договор за инвестиции, соработка и проекти, без никаква обврска поврзана со мигранти.

-Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДСМ особено кај претседателот на СДСМ, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДСМ, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДСМ ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање, рече Милошоски.

Тој информираше дека бројот на азиланти кои што имаат добиено статус на бегалци во Македонија е 14 лица од кои девет се државјани на Косово, три на Конго и две на Сирија.

На прашањето зошто Владата не ги демантирала објавите во британските медиуми, Милошоски посочи дека самата изјава на премерот во која тој тврди дека такво нешто нема има доволна тежина и е доволен демант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стеф Кари со најголема заработка во 2025 година

Предводникот на Голден Стејт Стеф Кари е кошаркарот со најголема заработка во 2025 година во најсилното светско кошаркарско првенство, НБА лигата. 

Стеф Кари со најголема заработка во 2025 година

На листата на најплатени кошаркари Кари е на првата позиција со неверојатна заработка од 159,6 милиони долари, втор на листата е легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс со 137,6 милиони.

„Тројката“ најплатени ја комплетира Кевин Дурант со 104,3 милиони.

Блиску со „стотката“ е Јанис Адетокумбо со 99,1 милион, а потоа следуваат Џејсон Тејтум (79,1); Ентони Едвардс (65,6); Џоел Ембид (65,2); Џими Батлер (65,1); Шај Гилџус-Александер (63,3) и Никола Јокиќ (63,2), со што се комплетира листата на ТОП 10 најплатени кошаркари во НБА лигата.

Податоците се според Форбс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тениска ѕвезда е новата глобална амбасадорка на Мерцедес- Бенц

Mercedes-Benz објави дека светската тениска ѕвезда Коко Гоф стана нејзин нов глобален амбасадор.

Тениска ѕвезда е новата глобална амбасадорка на Мерцедес- Бенц

20-годишната Американка, моментално трета во светот, веќе освои две титули на Гренд слем турнири во поединечна конкуренција и една во двојки.

„Коко Гоф претставува спортска извонредност - фокусиран, отпорен и бестрашен лидер. Нејзиното влијание на и надвор од теренот ја прави извонреден амбасадор“, изјави Кристина Шенк, потпретседател за дигитални комуникации и односи со инвеститори во Мерцедес- Бенц АГ.

Придружување на тениската легенда

Младата тенисерка ѝ се придружува на тениската икона Роџер Федерер како амбасадор на брендот, дополнително зајакнувајќи го учеството на Mercedes-Benz во женскиот тенис.

„За мене, тенисот отсекогаш бил повеќе од победа. Станува збор за раст, страст и решителност. Затоа ова партнерство со Mercedes-Benz се чувствува толку посебно - го делиме истиот поттик и верба во поместувањето на границите“, рече Гоф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер