Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
1Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
МакедонијаБојковска: Нема да се примаат нелегални мкигранти„Со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вакви мигранти нема да има во Македонија“Стигна демант и од претседателката и од амбасадорот на Велика Британија, што е апсолутна потврда дека се работи за лажни тврдења, а СДСМ преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија пробуваат да наметнат тема во јавноста, сметајќи дека на тој начин ќе порасне политичкиот рејтинг на партијата. Оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се загрози безбедноста на граѓаните, и дека нелегални мигранти нема да се примаат во државата. Погрешен е наративот доколку сметаат дека политичкиот рејтинг на СДСМ ќе расте со ширење на лаги, тотално погрешна стратегија доколку тоа им е целта. Со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вакви мигранти нема да има во Македонија. Во Македонија нема да се примаат нелегални мигранти и тоа не е основа за стратешкото партнерство коешто го имаме со Велика Британија. Додека е Владата на ВМРО-ДПМНЕ, од овој тип загрозување на безбедноста на граѓаните примање на нелегални мигранти и создавање на мигрантски шатори нема да постои, вели Драгана Бојковска во „Само Вистини со Видиновски“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМилошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиеноЈавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти и азиланти е манипулативна политичка тема, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.-До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема, истакна Милошоски. Во гостување на Канал 5 телевизија тој нагласи дека Македонија и Велика Британија имаат потпишано договор за инвестиции, соработка и проекти, без никаква обврска поврзана со мигранти. -Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДСМ особено кај претседателот на СДСМ, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДСМ, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДСМ ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање, рече Милошоски. Тој информираше дека бројот на азиланти кои што имаат добиено статус на бегалци во Македонија е 14 лица од кои девет се државјани на Косово, три на Конго и две на Сирија. На прашањето зошто Владата не ги демантирала објавите во британските медиуми, Милошоски посочи дека самата изјава на премерот во која тој тврди дека такво нешто нема има доволна тежина и е доволен демант. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАСтеф Кари со најголема заработка во 2025 годинаПредводникот на Голден Стејт Стеф Кари е кошаркарот со најголема заработка во 2025 година во најсилното светско кошаркарско првенство, НБА лигата. На листата на најплатени кошаркари Кари е на првата позиција со неверојатна заработка од 159,6 милиони долари, втор на листата е легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс со 137,6 милиони. „Тројката“ најплатени ја комплетира Кевин Дурант со 104,3 милиони. Блиску со „стотката“ е Јанис Адетокумбо со 99,1 милион, а потоа следуваат Џејсон Тејтум (79,1); Ентони Едвардс (65,6); Џоел Ембид (65,2); Џими Батлер (65,1); Шај Гилџус-Александер (63,3) и Никола Јокиќ (63,2), со што се комплетира листата на ТОП 10 најплатени кошаркари во НБА лигата. Податоците се според Форбс.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамТениска ѕвезда е новата глобална амбасадорка на Мерцедес- БенцMercedes-Benz објави дека светската тениска ѕвезда Коко Гоф стана нејзин нов глобален амбасадор.20-годишната Американка, моментално трета во светот, веќе освои две титули на Гренд слем турнири во поединечна конкуренција и една во двојки. „Коко Гоф претставува спортска извонредност - фокусиран, отпорен и бестрашен лидер. Нејзиното влијание на и надвор од теренот ја прави извонреден амбасадор“, изјави Кристина Шенк, потпретседател за дигитални комуникации и односи со инвеститори во Мерцедес- Бенц АГ. Придружување на тениската легенда Младата тенисерка ѝ се придружува на тениската икона Роџер Федерер како амбасадор на брендот, дополнително зајакнувајќи го учеството на Mercedes-Benz во женскиот тенис. „За мене, тенисот отсекогаш бил повеќе од победа. Станува збор за раст, страст и решителност. Затоа ова партнерство со Mercedes-Benz се чувствува толку посебно - го делиме истиот поттик и верба во поместувањето на границите“, рече Гоф.Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter