- Канал 5

СДСМ: Суспендирани визи од САД - периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија.

СДСМ: Суспендирани визи од САД - периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…

Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи.

СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ.

Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин.

Паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања.

Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори.

Не се спроведуваат никакви реформи, владата води анти-ЕУ и анти-американска политика, ја води Македонија кон целосна изолација.

Паника е голема.

САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само први чекори што ги гледаме.

Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи наши стратешки пријатели се САД а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен кавадарчанец, баран со потерница поради бегство од затворот во Гевгелија

 Приведен е кавадарчанец, баран со потерница поради бегство од затворот во Гевгелија, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Приведен кавадарчанец, баран со потерница поради бегство од затворот во Гевгелија

- Синоќа во 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа О.В.(42) од Кавадарци, кој бил баран со централна потерница поради бегство од Казнено - поправна установа Затвор Гевгелија. О.В. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, соопштија од СВР Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паелја – медитеранска класика со морски плодови

Паелјата е традиционално јадење со потекло од Шпанија, но денес е омилена ширум Медитеранот.

Паелја – медитеранска класика со морски плодови

Богата со вкусови, ароми и бои, ова јадење е идеално за семејни собири и свечени трпези. Комбинацијата од ориз, морски плодови и шафран создава вистинско гастрономско доживување.

Состојки (за 6 лица):

6 мали шолји (кафени) ориз

12 школки

2 лигњи

12 ракчиња

200 грама грашок

4 зрели домати

1 главица кромид

2 чешниња лук

2 лажици вегета

4 нишки шафран

Маслиново масло

Сол по вкус

Магдонос (свеж)

Подготовка:

Школките отворете ги на пареа и зачувајте го делот со месото, како и водата во која се готвеле.

Во посебен сад загрејте маслиново масло и пропржете ситно сечкан кромид и лук. Кога ќе добијат златна боја, додадете излупени и ситно сечкани домати, сечкан магдонос и ракчињата. Гответе околу 5 минути. Исчистените лигњи исечете ги на тркалца и кратко пропржете ги на маслиново масло. Тргнете ги настрана, а маслото зачувајте го.

Сварете го грашокот во малку посолена вода и зачувајте ја водата од варењето.

Во плитка и широка тава (паелја тава), ставете го маслото во кое се пржеле лигњите (по потреба додадете уште малку масло). Додадете го оризот и кратко пропржете го.

Потоа додадете грашок, зачинал, шафран, сосот со ракчиња и течност. Количината на течност треба да биде 2,5 пати поголема од количината на оризот (околу 15 кафени шолји). Користете комбинација од: вода од грашокот и вода од школките. Сè внимателно промешајте, посолете по потреба, а одозгора наредете ги школките, лигњите и ракчињата. Гответе 10 минути на тивок оган, потоа префрлете ја тавата во загреана рерна и печете уште 10 минути. Кога ќе биде готова, покријте ја и оставете да одмори 20 минути за да ја впие преостанатата течност. Сервирајте со кришки лимон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер